ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ
Објавено во: Македонија 02 Мај, 2024
СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА И ПЕНДАРОВСКИ СО РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ ЗА ТОА КОЈ БЕГА ОД ДУЕЛ
Актуелниот претседател и кандидат за нов мандат, Стево Пендаровски за дуелот за кој објави неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова вели дека таа самата си закажала дуел.
Кандидатката за претседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова излезе со свој коментар на социјалната мрежа X, по повод отсуството на противкандидатот Стево Пендаровски на денешната тв-дебата на Македонската телевизија.Од македонската телевизија, по обвинувањата од тимот на Пендаровски дека Давкова сама си договорила дебата, информираат дека на 26 април упатиле покани за предизборно соочување до кабинетите на кандидатите кои влегоа во вториот круг од претседателските избори, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова.
-Јавниот сервис како датуми ги предложи – 1 мај (среда), 2 мај (четврток) и 06 мај (понеделник). Во зависност од предизборните активности на кандидатите за претседател, оставивме можност дебатата да се снима во текот на денот или да се реализира во живо во вечерен термин, а конечната одлука за датумот ќе се донесе во договор со кабинетите на двајцата кандидати за претседател. Од тимот на Гордана Силјановска-Давкова, следниот ден, 27 април, известија дека го прифаќаат 2 мај – четврток како термин за дуел со можност за снимање во попладневен термин. Од тимот на Пендаровски немаше одговор до вчера, 1 мај.. Јавниот сервис испрати порака до тимот на Пендаровски да се изјаснат за дуелот, а во одговорот стоеше дека не можат да му ја организираат агендата и дека не можат да успеат.. во духот на професионалноста, јавниот сервис понуди и одделни интервјуа за двајцата кандидати, но од тимот на Пендаровски известија дека нема простор ни за тоа иако јавниот сервис во телефонски разговор остави можност за кој било од наредните денови до изборниот молк, се вели во соопштението од МТВ.
Од македонската телевизија ги отфрлаат информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ.
ОСМАНИ ГО СПОМЕНА И БАДЕНТЕР ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДАБујар Османи од ДУИ вели дека не може да има Влада без двојно мнозинство, односно парламентарното од 61 пратеник, плус Бадентерово, а ваквите тврдења ги темелеше на Охридскиот рамковен договор.
„Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет? Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира Владата. Затоа има две мнозинства со Рамковниот договор. Тие што ги исполнуваат двете мнозинства, формираат Влада. Не може да се формира Влада без Бадентерово мнозинство“, вели Османи.ИМА ВЛАДИНА ОДЛУКА ЗА ОСИГУРУВАЊЕТО
На 19-та седница Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април 2024 година.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ