КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник
Објавено во: Македонија 02 Мај, 2024
Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во пресрет на парламентарните избори на 8 мај, денеска изјави дека „тој што не може да формира влада изгубил на изборите“ затоа што, како што кажа, влада се формира со минимум 61 пратеник.
„Прво, тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник. Ќе видиме како ќе бидат финалните резултати на 8 мај, бидејќи изборите уште не се завршени и тогаш ќе може да се разговара во однос на формирање на влада. Јас знам како изгледа формирање на влада, треба да имате 61 пратеник минимум за да формирате влада. Полека, па ние сме во избори конкуренти со ВМРО-ДПМНЕ, 8 мај нека дојде па ќе видиме“, рече Ковачевски.
фото Фејсбук/Димитар Ковачевски