Заев со сопругата на прием кај Трамп
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2019
Премиерот Зоран Заев со сопругата присуствуваше на прием кај американскиот претседател, Доналд Трамп.
„Чест и задоволство ни беше со Зорица да присуствуваме на приемот организиран од Претседателот Трамп и првата дама Меланија, во Њујорк за време на ГС на ОН. Претседателот ни упати порака дека го цени и целосно го поддржува Договорот од Преспа. Чест е да се добие ваква поддршка од врвен лидер и креатор на глобални договори“, пишува Заев на Фејсбук.
Премиерот деновиве оствари средби со државници од повеќе земји кои дадоа поддршка Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија.