19 Мај, 2024
0.0297

Заев го слушнал тоа што го сака од Санчез

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, вчера имал кратка средба со шефот на македонската Влада, Зоран Заев, и му дал надеж дека парламентот на Шпанија може да го ратификува пристапниот протокол за прием на Македонија во НАТО и покрај тоа што претстојат замрзнати активности во тамошниот законодавен дом поради нови избори во земјата.

Според процесите, сите преостанати земји кои не го ратификувале пристапот на Македонија во НАТО ќе го сторат тоа до крајот на годината, но Шпанија е единствената „проблематична“ членка на Алијансата, бидејќи таму претстојат парламентарни избори и ,според претходните најави, оваа земја ќе може да ја изврши ратификацијата дури следната година.

Санчез му рекол на Заев дека парламентот во Шпанија може да гласа за ратификацијата до крајот на ноември, така што во таа ситуација, како што пбјави „360 Степени“, Македонија би можела на Самитот во Лондон во декември и официјално да биде промовирана во 30-та членка на Алијансата пред 2020.

Санчез не успеа да состави нова Влада во Шпанија па земјата ќе мора да оди на нови избори на 10 ноември, но според убедувањата на премиерот, тоа не би требало да го закочи парламентот да ја исполни процедурата за ратификацијата.


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична