08 Мај, 2024
0.0261

Заев со „божиќно обраќање“ за грчка телевизија

Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Во интервју за грчката ТВ Алфа премиерот Заев зборува за името и  и решение во првите шест месеци од годинава, за Ципрас, Каменос и Мицотакис, за политиката на Груевски и за намерите на Македонија

Емитувањето, како што јавува дописникот на МИА од Атина, е закажано за недела, на Божик, а интервјуто или како што Алфа го нарекува „божикното обраќање“, истовремено, според грчката ТВ, ќе го пренесува и една македонска телевизија.

„Во првото интервју дадено за грчки медиум, ја повторува намерата да придонесе во преговорите со заемни отстапки во прашањето за името на ПЈРМ. Обраќајќи се и кон грчкиот народ и кон народот на неговата земја, Заев вели дека е во интерес и на двете земји да се најде решение за прашањето за името во првата половина на 2018 година“, објавува ТВ Алфа во најавата.

Алфа информира дека Зоран Заев ги отфрла практиките на неговиот претходник Никола Груевски и објаснува зошто не се согласува со позицијата на петходните премиери, дека „Скопјаните се единствени наследници на Александар Велики“, наведува телевизијата во најавата за интервјуто, објавена на нејзиниот сајт и додава дека од разговорот, се откриваат намерите на Скопје и до кој степен е подготвено да направи отстапки.

Интервјуто на македонскиот премиер ќе се емитува во недела во 20 часот по грчко време, веднаш по централното издание на вестите на грчката телевизија. 

Во неделната програма, веќе има вметнато информативна емисија во траење од половина час со наслов „Интервју на Заев на Алфа“.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ДИК: На претседателските најголема излезност во Пробиштип, а најмала во Боговиње

ДИК: На претседателските најголема излезност во Пробиштип, а најмала во Боговиње

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија и лично

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија и лично

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?