ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2024
Најголема излезност до 9 часот има во третата, а најмала во шестата изборна единица, соопшти Државната изборна комисија(ДИК).
Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски на првата прес-конференција денеска ја соопшти и излезноста за парламентарните избори по изборни единици.
Изборна единица 1 – 4,85 проценти
Изборна единица 2 – 3,64 проценти
Изборна единица 3 – 6,26 проценти
Изборна единица 4 – 5,72 проценти
Изборна единица 5 – 4,41 проценти
Изборна единица 6 – 2,24 проценти
Денеска се одржува вториот круг од седмите претседателските избори. Право на глас имаат 1.814.317 избирачи. Вчера, ден пред изборите, први гласаа болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и пријавените од дијаспората.