ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2024
Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски денеска ја соопшти излезноста за парламентарните избори по изборни единици.
Најголема излезност до 11 часот, има во третата изборна единица, а најмала во шестата.
Изборна единица 1 – 15,75 проценти
Изборна единица 2 – 12,24 проценти
Изборна единица 3 – 16,79 проценти
Изборна единица 4 – 14,54 проценти
Изборна единица 5 – 14,01 проценти
Изборна единица 6 – 7,46 проценти
Денеска граѓаните гласаат за избор на претседател и парламент.