Заев, Села и Гаши повикале правен експерт на денешната средба
Објавено во: Македонија 16 Април, 2021
На денешната средба на премиерот Зоран Заев со лидерите на опозициската коалиција Алијанса/Алтернатива - Зијадин Села и Африм Гаши, е повикан правен експерт во обидот да се дојде до решение за Законот за државјанства и да се одблокира работата на Собранието.
Ова е трета средба помеѓу тројцата лидер во изминатиот период во обид да се дојде до компромис, а денешниот состанок се оддржува во Собранието.
По претходната средба во понеделникот Заев изјави дека имале успешен напредок и сериозен исчекор во разговорите, истакнувајќи дека до крајот на неделава на основа на анализата која експертите ќе ја направат, ќе може да се финишира со законското решение за државјанствата.