Заев објасни зошто е одлучено хронично болните да се вратат на работа
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Септември, 2020
Доколку епидемиолошката состојба во Македонија се влоши хронично болните повторно ќе бидат ослободени од работа, изјави вечерва во интервју на МТВ, премиерот Зоран Заев.
Рече дека луѓето, вклучително и хронично болните повеќе се надвор отколку дома.
Вели дека ги следат насоките на здравствената комисија и се водат строго професионално.
„Затоа се донесе одлука сите да тргнат (на работа) сѐ додека не постои ризик. Ако постои било каков ризик сите сме секој ден тука и транспарентно ќе ги носиме комплетно одлуките. Хронично болните граѓани дефинитивно во делокругот на своето работење, еден дел и одат на работа зашто се одлучиле да одат“, изјави Заев.
Објасни дека една од причините за одлуката хронично болните да се вратат на работа е тоа што кога се на боледување не можат да ги остварат приходите кои би ги оствариле доколку работат.