29 Април, 2024
0.4266

Заев објасни на кој начин ќе се субвенционираат вработувања

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Субвенции за вработување ќе има за сите етнички заедници. 

Мерките со кои ќе се помага вработувањето ќе се разгледуваат во наредниот период. 

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе се субвенционираат вработувања во приватни компании без оглед на етничката припадност.  Тој вели дека сака да ја расчисти маглата и дека субвенции ќе има за сите граѓани. 

Владата ќе дава поддршка при отворањето на фабрики, а ќе се  применува и Законот за стратешки инвестиции. 

Планирано е најмногу вработувања да има во Тутунскиот комбинат во Куманово, проектот на Еколог во тетовскиот регион вреден 300 милиони евра како и дигитален центар во Карпош кој ќе нуди работа на кадри од областа на информатичката технологија.

Вицепремиерот Артан Груби вчера најави дека вработувањата ќе бидат по етнички клуч затоа што нивниот број во приватните фирми бил мал. 

Опозицијата од албанскиот политички блок не верува дека ваквата идеја ќе се реализира.

За ваков тип на субвенционирање веќе имаше реакции дека претставува дискриминација. 

Уште во текот на кампањата ДУИ ја споменуваше оваа идеја, за вработување по етнички клуч во приватните компании. 

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи