ЗАЕВ: НЕ ЈА ДРЖАМ СТРАНАТА НА РАШКОВСКИ - можеби сум пристрасен, но постапката се водела согласно закон, никој не е недопирлив, конечниот збор ќе го каже судот
Објавено во: Македонија 16 Април, 2021
Нема недопирливи, законот важи еднаво за сите, иако Драги Раковски беше секретар во мојот кабинет, ече премиерот Зоран Заев за уапсениот Рашковски, за кого обвинителството бара притвор од 30 дена.
Но, тој бара да се почитува презупцијата на невиност.
Вели дека таа јавна набавка била спроведена согласно со законите и деловникот за работа на Владата.
„Тоа е она што јас го видов, може да се докаже дека истражните органи имале поинакво гледање, но на крај ќе пресече судот, негов е конечниот став. Не може да го осудиме човекот пред судот“, рече Заев.
Тој нагласи дека земјава има многу жртви од сообраќајни несреќи, има лица кои останале инвалиди, државата губи големи суми пари од тие несреќи.
„Затоа се правеле вакви анализи. Немаме софтвер на Рашковски. Постапката е спроведена согласно законот, јас немам резерви околу тоа, ако имав прв ќе соопштев. Можеби сум пристарсен, можеби не но затоа постојат независни институци“, рече Заев.
Важна е пораката дека никој не е недопирлив но и никој не е виновен додека не му се докаже вината, нагласи премиерот.
Соопшти дека Мухамед Зеќири, сегашниот генерален секретар на Владата, ги дал сите документи на сите институции.
Да се почитува презумпц на невиност, бара премиерот.
„Но, запозн сум со цел случај, нема недопирливи, законот ќе важи еднакво за сите“, рече премиерот.
Тој негира дека ја држи страната на Рашковски, и повтори дека ако можеби е пристрасен, конечниот збор ќе ги кажат инститтуциите.
Н.Н.Ф.