21 Мај, 2024
0.0303

Заев: На 15 октомври да ги победиме остатоците од режимот

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев од централниот изборен митинг во Скопје, ги повика граѓаните заедно на 15 октомври да ги поразат остатоците од режимот воспоставен од Никола Груевски и по централната да ја освојат и локалната власт.

- Ќе го вратиме Мерцедесот на Груевски и со тие пари ќе се набават амбулатни возила за клиниките во Македонија. Да стигне животот во секој град, село, во секое катче. Бараме поддршка од левичари, десничари, центристи, сите, рече Заев.

Тој изјави дека СДСМ во последниве 4 месеци покажале дека се луѓе од збор и дека не се сите исти.

– Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО и ќе биде стабилна и почитувана земја која ќе седи на иста маса со сојузниците и ќе носи заеднички одлуки за Македонија, иднината на Европа и целиот Запад, рече Заев.

Лидерот на СДСМ додаде дека во Македонија ќе владеат правото и правдата.

– Ќе помагаме како централна власт да има повеќе пари за општините и ќе гратиме оптшини кои ќе работат за вас, додаде Заев.

Тој ги повика скопјани да обезбедат победа на кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, уште во првиот круг.

- Да го ослободиме Скопје од оние кои го урнисаа. Се сеќавате на онаа: „Вистината е како шило“. Е, на овие избори имаме уште едно шило - вистината за Скопје, за Груевски, за Коце... Тоа е нашето шило - Шилегов - рече Заев.


Можеби ќе ве интересира

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати