20 Мај, 2024
0.0332

Димова се огласи по повикот од Заев: Агенцијата е нападната со непроверени факти, ќе тужиме за невистините и клеветите

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

По информацијата дека 270 илјади евра ѝ биле дадени на фризерница за спроведување проект со пари од Европската Унија преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на социјалните мрежи се појавија и наводи за други  проекти што добиле пари.

Во изјава за „А1он“ премиерот Зоран Заев побара од директорката  на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова на прес-конференција да ги објави сите детали околу доделувањето на овие големи средства.

„Јас нема да дозволам никаков сомнеж ниту евентуални злоупотреби. Затоа ја повикувам директорката на Агенцијата, Лидија Димова, веднаш да излезе и на прес-конференција да ги презентира целосно транспарентно сите детали во врска со начинот на распределба на средства од европските фондови наменети за образование и млади. Димова целосно и прецизно треба да ги адресира прашањата, на кои реагира јавноста и за кои се јавува сомнежот“, изјави Заев.

Тој, исто така, ги повика надлежните институции да ја проверат работата на Националната агенција.

А Лидија Димова, пак, денеска, барем засега, се уште не излезе на пресконференција, но прати опширно соопштение до јавноста.

Таа вели дека Агенцијата деновиве е цел на организиран напад.

„Изминативе денови сме сведоци на организиран „напад„ кон Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со презентирање на еднострани и непроверени факти“, пишува Димова.

Таа тврди дека во текстот објавен за неа преовладуваат тенденциозни невистини, кои имаат за цел да креираат алузија за наводен криминал при доделување на грантови преку програмата „ Еразмус+“. 

„Интересен е моментот на објавување на ваквите текстови, не само преку овој портал, туку и преку други медиуми, а тоа е моментот на расчистување со криминалот во Националната агенција, од страна на сегашното раководство, преку водење на соодветни дисциплински постапки за несовесно и незаконско работење на одредени вработени, како и со поднесување на пријави до надлежните институции во РСМ за гонење на криминал и антиконкурентско однесување.

Во оваа згода сакам да ја известам јавноста за тенденциозното манипулирање, со што е предизвикана штета на повеќе ентитети/нивоа, и тоа: - на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, - на програмата Еразмус+, - на државата која учествува на рамноправно со сите други програмски држави, - мене како на директорка на институцијата, - на г-нот Зоран Златковски, кој уредно и регуларно ги доби проектите од НА, а сепак мора да поминува низ невидена тортура преку нанесена дефамација на неговиот углед, и конечно на Република Северна Македонија затоа што овој текст го извалка успехот постигнат во последните две години и отворено нотирани во последниот извештај за напредокот на државата на ЕК“, пишува Димова. 

Според неа, вистината е следнава. 

„Како прво, Националната агенција не финансираше фризерница (иако и тоа е дозволено и се правело во минатото), туку го финансираше претријатието „Вредност на европско знаење“, чијшто скратен назив е В.Е.З. Трејд. Исто така не е точен наводот дека Вредност за европско знаење, односно В.Е.З. Трејд не постои во Централниот регистар на РСМ. Седиштето на оваа фирма е токму на адресата која ја посочува новинарот, каде по некоја случајност во овој момент се обавува фризерска дејност, бидејќи лицето кое го користи тој локал ја обавуваа таа дејност. Но, фризерот кој ја обавува таа дејност ниту е Зоран Златковски, ниту тоа лице има каква било поврзаност со грантовите на Еразмус + програмата. Новинарот ја побара оваа информација и таа му беше дадена, но сепак реши да објави нешто сосема друго.

Второ, Еразмус+ проектите се финансираат според строги процедури пропишани од Брисел, а не од директорката, или партијата или министерството или од кое било друго лице или тело. За да се одобри определен проект, одлучуваат неколку нивоа: програмските службеници прават техничка проверка, потоа следува евалуација од надворешни соработници (ако проектот е над 60.000 евра, или ако се работи за КА2 акција проектот го оценуваат двајца надворешни соработници). Се прават ранг-листи според освоени бодови на проектите по акција и тие заедно со резимеата од проектите се разгледуваат од страна на Комисијата за евалуација во која членуваат претставници од пет институции. Годинава поради воведувањето на националните приоритети, и во обата повика, учествуваа и преставници од Министерството за образование и наука, како набљудувачи. И последното ниво на одлучување е директорката. Напоменувам дека ова дискреционо право никогаш не сум го искористила досега.

Надворешните соработници се тајни. Новинарот Кристијан Ландов во текстот наведува дека се обидел да контактира 30 надворешни соработници, а тоа самото по себе е казниво, и говори во насока дека е „брифиран“ токму од лицата против кои се водат дисциплински постапки. Но, заради појаснување на јавноста, ќе додадам дека проектите на В.Е.З. Трејд добиени во 2020 година (во училишно образование, во стручно образование и во образованието за возрасни) се оценети од седуммина различни надворешни соработници.

Авторот на текстот се обидува да направи споредба со други држави од ЕУ, но компарацијата ја прави со секторот високо образование од каде што „В.Е.З. Трејд“ нема добиено проект. Тоа е исто како да мешате баби и жаби, се со цел да ширите дезинформации. Патем, јавноста треба да знае дека последните две години Националната агенција го објавува годишниот буџет - по акции - на својата веб-страница на почетокот на годината заради поголема транспарентност за корисниците.

И конечно, одговорно тврдам дека г-нот Зоран Златковски за првпат го запознав кога станав директорка на Националната агенција, затоа што истиот беше еден од малкуте национални ЕКВЕТ експерти (кредит трансфер систем во стручно образование) избран на отворен конкурс уште во 2015 година од претходното раководство на институцијата.

Неприфатливо е Интернет-портал, кој претендира да биде сериозен и објективен медиум, да се служи со непроверени информации и еднострани изјави и инсинуации, апстрахирајќи се од информациите добиени од другата страна во приказната. Свесно или несвесно се става во функција на луѓето кои досега ги злоупотребуваа токму грантовите на програмата Еразмус + и за кои луѓе се поведени соодветни постапки пред надлежните институции. Со ваквите непроверени и манипулативни информации, не само што е нанесена штета на погоренаведените ентитети/нивоа, туку се креира и погрешна слика кај меѓународните институции, донатори на овие грантови, а со самото тоа и на државата. За жал немаме друг избор освен тоа да ги докажеме невистините и клеветите пред надлежен суд“, пишуваат Димова, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како и Зоран Златковски, управител на В.Е.З. Трејд.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража