19 Мај, 2024
0.0273

Деловна средба на компании-членки на регионалните комори со седиште во Штип и во Битола

ЗАЕДНИЧКИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОТТИК НА РЕГИОНАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАСТ

Објавено во: Економија 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Регионалните комори со седиште во Штип и во Битола при Стопанската комора на Македонија, на 28.3.2018 година, организираа заедничка деловна средба на компании од двата региона. Средбата се одржа во Штип, а на деловната средба присуствуваа Наум Барзов и Мирко Велковски,  претседателина управните одбори на регионалните комори со седиште во Штип и во Битола, како и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. На средбата активно учество земаа околу триесетина компании  од двата региона.

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Штип, Наум Барзов, ја потенцираше можноста за воспоставување  поинтензивна деловна соработка по одржувањето на вакви средби кои се во интерес на компаниите, со цел да се разгледаат сите прашања кои се битни за развој на соодветните региони и заеднички да се делува во насока на подобро деловно опкружување. Поддршката од локалната самоуправа е значајна во целиот процес и токму со неа може да се очекува развој на локалната економија.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, истакна дека му претставува чест што присуствува на денешниот настан насочен кон унапредување на соработката меѓу двата најголеми и економски најразвиени регионa во Република Македонија, во организација на двете најголеми регионални комори при Стопанската комора на Македонија.

Во своето поздравно обраќање, претседателот Азески ја потенцираше важноста на овие два плански региона за Република Македонија. Источниот плански регион со седиште во Штип, којшто претставува 14% од територијата на Република Македонија, има 4 пати помал пораст на населението во споредба со наталитетот на Македонија, што директно се одразува врз стопанството. Во Источниот плански регион 14% отпаѓа на земјоделската индустрија, додека носител е текстилната индустрија со 70% застапеност. Во овој регион во интензивен развој се малите и средни претпријатија коишто доминираат со 72% од целокупното стопанство споредено со Пелагонискиот плански регион, каде што малите и средни претпријатија се застапени  дури со 90 %. Во Пелагонискиот плански регион има вкупно 5.000 правни субјекти, од коишто 20 се големи компании, 100-150 се средни, а останатите се мали и микро компании. Двата економски центри на источна и западна Македонија, учествуваат со вкупно 24% во вкупниот БДП на Република Македонија.

- Мораме со трпение  и постепено да ги менуваме начините на работа со цел успешно приспособување на моменталната ситуација во Република Македонија, но и во регионот. Наместо со заеднички сили да се користат потенцијалите на земјите од регионот и да се создаваат подобри услови за соработка, ние се оддалечуваме. Статистичките податоци укажуваат на пад меѓусебната соработка на сите земји од Западен Балкан. Од тие причини, потребно е македонските компании да ја интензивираат меѓусебната соработка и со заеднички сили да се пробиваат на странските пазари, - истакна Азески. 

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски, заблагодарувајќи им се на компаниите за  изразениот интерес за соработка, подвлече дека  бизнисот од овие два региона ќе се раздвижи со самото меѓусебно запознавање на деловните луѓе од двата региона и дека се надева на соработка помеѓу регионалните комори со седиште во Штип и во Битола.

Барзов истакна дека Штип е град со најмал број на невработени, трговски град кој ја развива индустријата, но се грижи за зачувување на околината (еколошка индустрија). Исто така, тој истакна дека е добра економската клима и општествената одговорност е на повисоко ниво.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, додаде дека е потребно почесто да се одржуваат средби од ваков вид, со цел зголемување и интензивирање на соработката, како и воспоставување директни контакти и средби меѓу бизнисмените, со значајна поддршка на локалната самоуправа.

Присутните претставници на компании од двата региона ги презентираа своите дејности и потенцијали за идна соработка. Во оваа прилика застапени беа компании од областа на кожарската, текстилната и прехранбената индустрија, градежништвото, металургијата, земјоделието и трговијата. Бизнисмените разменија  искуства и мислења за мерки кои се потребни да се преземат за подобрување на климата за инвестирања, а го посочија и проблемот со недостатокот на квалификувана работна сила според потребите на стопанството. Исто така, деловната средба беше искористена како директна можност за воспоставување меѓусебна соработка.             

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?