ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава
Објавено во: Македонија 07 Мај, 2024
Четворица малолетници од Скопје синоќа со уапсени од интервентата полиција.
Имено, на подрачјето на општина Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа од 22.45 до 23.20 часот ги лишиле од слобода четворицата кои претходно ограбиле други малолетници.
Ова го соопштија од Министерството за внатрешни работи Како што денеска соопштија од МВР, тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари.
- Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава - се наведува во соопштението од МВР.