19 Мај, 2024
0.0394

ЗА ШТО АЕК ГОДИНАВА ЌЕ ПОТРОШИ 15,5 МИЛИОНИ ЕВРА - расходите кон крај на година зголемени двојно

Објавено во: Економија 11 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Агенцијата за електронски комуникации, регулаторот надлежен за надзор врз телекомуникациските оператори и радиофреквенциите, годинава има намера да потроши речиси двојно повеќе пари од она што првично го планирале на почетокот на годинава.

Тоа може да се види од Предлог измените и дополнувањата на Финансискиот план на Агенцијата за електронски комуникации за 2020 година, кој оваа агенција на почетокот на овој месец го објави на својата веб страница и го стави на јавна расправа. 

Од овие измени може да се види дека АЕК годнава планира да потроши 15,5 милиони евра, наспроти 8,5 милиони евра колку што предвидела дека ќе поарчи со првичниот финансиски план за 2020 година. 

Зошто телекомуникацискиот регулатор реши да ги зголеми за речиси двојно трошоците за оваа година, и тоа во услови на економска криза во земјава предизвикана од пандемијата на коронавирусот, ќе треба да објасни нејзиниот менаџмент токму за време на јавната расправа што ја отвора.

А во измените на финансискиот план даваат износи кои ставки за колку пари планираат да бидат зголемени.

Во измените и дополнувањата на планот од регулаторното тело прецизно се наведува кај кои ставки ќе има зголемување и од кои причини дошло до тоа. 

Прво, кај расходната ставка потрошени материјали, или конкретно за други комунални такси и услуги, се планира зголемување за околу 3,3 илјади евра, со што вкупниот износ на оваа расходната ставка ќе изнесува околу 93 илјади евра. 

АЕК ги зголемува и трошењата за енергија, и тоа за нешто повеќе од 16 илјади евра, со што вкупниот износ на оваа расходна ставка ќе достигне 111 илјади евра. 

Зголемување има и за расходната ставка комунални услуги и комуникација, или конкретно поправки и одржување на опрема ПП апарати, каде трошокот расте за 8 илјади евра, па вкупно овој издаток на АЕК ќе дојде до еден милион евра.

Расте и трошокот за членарини во меѓународни организации, за 16 илјади евра, или вкупно тој трошок ќе биде 102 илјади евра. 

АЕК годинава значајно ќе ги зголеми и трошоците за услуги за обезбедување на имоти и лица, и тоа за цели 65 илјади евра, со што таа расходна ставка ќе дојде до над 1,3 милиони евра. 

Кај расходната ставка пренесени средства на други субјекти, АЕК го дава следново објаснување. „За уплата во 2020 година по Уредбата со законска сила за примена на Законот за електронски комуникации за време на вонредна состојба од 22 јуни 2020, и истото останува исто како што е предвидено и нема да биде 10 отсто од Приходи од Надоместок за користење на радиофреквенции, кој се намалува за 3.500.000 денари (околу 57 илјади евра -н.з.) поради Уредбата со законска сила за начинот на користење на радиофреквенциски опсези за време на вонредна состојба објавена во Сл весник од 10 јуни 2020 година“. Од АЕК наведуваат дека вкупниот износ на оваа расходна ставка за 2020 година останува ист и изнесува 66.950.000 денари, или нешто повеќе од еден милион евра. 

Агенцијата за електронски комуникации прави промени и кај расходната ставка за капитални средства. За што всушност станува збор? 

За реконструкција на деловни згради КМЦ, односно за санација на инсталација за заземјување на КМЦ Битола, се планира зголемување на трошокот за нешто над три илјади евра, а за реконструкција на деловната зграда на АЕК, и тоа за реконструкција на терасата и кровот на административниот објект АЕК, се планира зголемување на трошокот за 49 илјади евра.

Затоа, пак, АЕК ги намалува планираните трошоци за изградба на антенски систем за контрола и мониторинг, и тоа за дури 2,4 милиони евра, по Договор. 

Со сите овие промени вкупниот износ на таа расходна ставка ќе изнесува еден милион евра.

Пораст има и кај расходната ставка опрема, и тоа кај информатичката опрема - интегриран информациски систем, и тоа зголемување со измените на финансискиот план ќе изнесува за 1,2 милиони евра. Со ова вкупниот износ на оваа расходна ставка за 2020 ќе изнесува 4,7 милиони евра.

Кај расходната ставка, пак, помошти, донации и други давачки, ќе има зголемување за неполн еден милион евра, и со тоа оваа ставка вкупно ќе достигне два милиони евра. 

Или, како што стои во измените и дополнувањата на Финансискиот план, вкупно планираните расходи за оваа година, кои сега се зголемени, изнесуваат 953.471.516,00 денари, што е рамно на 15,5 милиони евра. 

Во делот на планирани приходи, пак, се изменува и дополнува - приходи од Надоместок за користење на радиофреквенции се намалува за 3.500.000 денари поради Уредбата со законска сила за начинот на користење на радиофреквенциски опсези за време на вонредна состојба објавена во Службен весник. Вкупниот износ на оваа приходна ставка за 2020 година изнесува 411.000.000 денари или 6,7 милиони евра.

Притоа, како што вели, со измените на Финансискиот план за годинава, вкупните планирани приходи се 953.471.516 денари, или 15,5 милиони евра.

Нина Нинеска-Фиданоска 

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?