19 Мај, 2024
0.0309

За СДСМ растот на платите е потврда за нивните мерки, ВМРО-ДПМНЕ го тврди спротивното

Објавено во: Економија 24 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Официјалните податоци кои вчера ги објави Државниот завод за статистика покажуваат раст на просечната плата во јануари 2018 година за 5,6 проценти, во однос на истиот месец во 2017 година. 

За СДСМ ова е потврда дека економските мерки на Владата  даваат резултат, економијата се придвижува, платите растaт. 

„Со зголемувањето на минималната плата се откочува спиралата на раст на платите, а раздвижувањето на економијата дава реални и видливи резултати. Според официјалните податоци, просечната нето-плата во јануари изнесува 24.025 денари, што е за 5,6 проценти повеќе во однос на јануари 2017 година. Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, зголемена помош за претпријатијата, повисоки плати, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани“ - стои во соопштението на СДСМ.

Во Македонија нема пораст на плати, туку само промена на методот на прибирање на податоците за плата, реагира ВМРО-ДПМНЕ, по соопштението на СДСМ, за зголемување на просечната нето плата.

„СДСМ може да излаже и дека просечната плата е 60 000 денари, но граѓаните на своја кожа ја почуствуваат катастрофалната економска политика на економската црна тројка Заев, Тевдовски и Анѓушев. Граѓаните секој ден гледаат како пред очи им поскапува потрошувачката кошница, а стандардот им опаѓа. Она што успеаа оваа тројка да го постигне е покачување на акцизите, задолжувањето на државата и вработување на партиски послушници за восоки хонорари во институциите“- вели ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата смета дека СДСМ има намера да ја смени секоја методологија само за на хартија да ја покачи просечната плата.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?