20 Мај, 2024
0.0344

За пет години граѓаните платиле 16,5 милиони евра за сообраќајни прекршоци

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Од казни за сообраќајни прекршоци, државата за пет години од граѓаните наплатила 16,5 милиони евра. Ова го покажуваат официјалните податоци што ги доби Фактор.  Тоа значи дека во просек, годишно, македонските граѓани за казни за сторени сообраќајни прекршоци плаќааат по 3,3 милиони евра.

Врз основа на официјалните податоци, може да се заклучи дека за време на длабоката политичката криза во последните две години, казните за сообраќајни прекршоци се двојно помали од казните што граѓаните ги платиле пред тоа.  

Полицијата најмногу казнувала во 2014 и 2015 година, а најмалку во 2016 и 2017 година, кога пак земјата веќе беше во длабока политичка криза, а во одреден период функционираше и техничката влада.

Па така, во 2014 година, државата од граѓаните наплатила 4,5 милиони евра од казни за сторени сообраќајни прекршоци. Приближно исто толку пари, односно 4,1 милиони евра биле наплатени во 2015 година, година кога земјата веќе почна да влегува во криза со објавата на политичките бомби.  

Веќе во 2016 година наплатени се речиси двојно помалку пари од казни за сообраќајни прекршоци, односно 2,4 милиони евра. Приближно иста сума е наплатена и во 2017 година, односно 2,5 милиони евра.

А нешто повеќе, односно 3 милиони евра, биле наплатени во 2013 година.  

НАПЛАТЕНИ КАЗНИ ЗА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКШОЦИ

·2013 година   3,0 милиони евра

·2014 година   4,5 милиони евра

·2015 година  4,1 милиони евра

·2016 година  2,4 милиони евра

·2017 година   2,5 милиони евра

Се погласни се критиките на јавноста за ниската сообраќајна култура на возачите во земјава. На социјалните мрежи пак се формираат и групи кои секојдневно обавувата граѓани кои прават различни сообраќајни прекршоци, од возење по тротоар, возење во обратна лента, порешно паркирање. На сликите на социјалните мрежи, се објавуваат и прекшоци шт ги прават и фунционерите, а неодамна на тапет беше министерот за правда, Билјан Салиу, чиј возач автомобилот го паркираше на тротоар пред министерството блокирајќи го тротоарот и за пешаци и за луѓе со инвалидски колики. По реакциите, вети дека веќе нема да се повтори, но само за кратко време потоа, истото возило беше забележано како прави нов прекршок, вртејќи на две полни ленти во среде центарот на градот. Поради што и критките се дека законите треба да важат за сите подеднакво, а казни треба да има и за функцинерите кои не ги почитуваат законите.

Последните две години, додека земјата беше во длабока политичка криза и лани и во изборна кампања, се гледа дека и казните собрани од сообраќајни прекршоци биле двојно помали од гоодините пред тоа.

Во последните контроли на МВР само во една вечер од контролирани 272 возачи, кај 102 е утврдено присуство на алкохол, што е згрижувачка бројка.

СВР Тетово пак објави податок дека само минатата година биле фатени 1.908 лица кои управувале со возило без воопшто да оседуваат возачка дозвола.  

Дел од јавноста постојано апелира дека е потребна поголема сообраќајна контрола во градот, особено, затоа што на одредени булевари во земјава се вози со огромна брзина, а од друга страна има и многу сообраќајни несреќи од кои некои завршија трагично. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража