19 Мај, 2024
0.0263

За набавка на вакцини против Ковид-19 ќе платиме 12,5 милиони евра во 2021

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Годинава ќе потрошиме 12,5 милиони евра за купување на вакцини против Ковид-19, според измените на програмата за задолжителна имунизација на населението за 2021. 

Според измените, досегашниот износ од 390.000.000 кој беше предвиден од почетокот на годината, на претходната владина седница се заменува со износот 764.304.000 денари, односно речиси за двојно повеќе за набавка на вакцини за пандемијата во текот на оваа година.. 

„Преостанатите средства обезбедни од Буџетот на Република Северна Македонија во висина од 390.000.000,00 денари се наменети за набавка на КОВИД-19 вакцини, согласно потпишаниот договор за набавка на вакцините, со моделот на Обврзувачка набавка (Committed Purchase)“, се вели во претходната програма која беше усвоена на почетокот од годината. 

По ново, вкупната сума што се обезбедува од годинешниот буџет за сите вакцини за имунизација на населението, со новите пресметки, се зголемува од 805 милиони, на 1,18 милијарди денари, или вкупно од 13 на 19,2 милиони евра. 

 Покрај купените, земјата во годината кога започна имунизацијата против Ковид-19 се потпре и на донациите од Србија, Бугарија, Хрватска, Полска, Грција, Русија, Турција и ЕУ. Истовремено има и најави за донации кои се уште се чека да пристигнат во Македонија. Земјата се уште ги чека најавените 250 илјади дози од производителот „АстраЗенека“ од Владата на Данска 

И во Македонија дел од вакцините против ковид наскоро ќе мора да бидат уништени поради тоа што им истекува рокот до крајот на ноември, а едноставно не може да бидат потрошени. Станува збор за вакцините од британско-шведскиот производител АстраЗенека, кои се околу 25.000 на број, а со кои во моментов се врши само ревакцина на граѓани над 60 години.

Во последниот објавен билтен на Министерството за здравство, заклучно со 21 ноември вкупно се вакцинирани 822.751 граѓани, ревакцинирани се 789.905, а трета доза примиле 63.137 граѓани. 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. 

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58 проценти , а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

A.K.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?