21 Мај, 2024
0.0340

За кои приватни услуги државната здравствена каса потроши 129,2 милиони евра?

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Три центри за дијализа и две кардиохируршки клиники наплатиле 28,8 милиони евра од државниот здравствен фонд. Четири правни субјекти добиле 22,3 отсто од сите пари наменети за приватните провајдери и услуги и продавачи на лекови од позитивната листа. Наспроти нив повеќе од 2.800 матични лекари, 777 аптеки, 3 бањи и десетини приватни ординации поделија 100 милиони евра

Приватни клиники, ординации, лаборатори, матични доктори кои имаат склучено договори со државниот Фонд за здравствено осигурување (ФЗОМ) лани наплатиле 129,2 милиони евра за своите услуги што ги давале на пациентите кои се осигуреници на ФЗОМ, покажуваат официјалните податоци од годишниот извештај на фондот за лани. 

Според достапните податоци најголем приватен провајдер на услуги за државниот здравствен фонд е приватната клиника „Аџибадем Систина“ која по два основи (за дијализа и за кардиохируршки интевенции) лани наплатила 12 милиони евра од ФЗОМ односно 9,2 отсто од сите пари кои ФЗОМ ги платил за приватни провајдери на услуги. На второ место е центарот за дијализа „Диамед Македонија“ со 8,39 милиони евра, а на трето е кардиохирургијата „Филип Втори“ со 6 милиони евра.

За што се потрошиле 129,2 милиони евра од касата на државниот Фонд за здравство?

Како агрегатна вредност најголема ставка во ФЗОМ се матичните доктори: општи лекари, стоматолози и гинеколози кои имаат договори со ФЗОМ. Вкупната вредност на нивните услуги е 46 милиони евра и со нив се платени услугите кои ги дале 137 матични гинеколози, 1.532 општи лекари и 1.147 стоматолози.. Од тие пари кај општите лекари завршиле 31,96 милиони евра, кај гинеколозите 4,26 милиони евра и кај стоматолозите 9,8 милиони евра. 

За услугите за дијализа трите приватни центри наплатиле 16,55 милиони евра, а за кардиохирургиите се платени 12,16 милиони евра. Вкупно за лековите од позитивната листа 777 аптеки наплатиле 40,8 милиони евра. Специјалистичките лаборатории наплатиле 9,5 милиони евра.

За процедурите ин-витро оплодување државата преку ФЗОМ лани платила 1,7 милиони евра, за третмани за рехабилитација во три приватни бањски центри се платени 1,25 милиони евра,  а за услуги кои фондот ги покрива приватни очни хирургии наплатиле 1,16 милиони евра.

ФЗОМ платил 129,2 милиони евра за здравствени услуги и лекови од приватни друштва

На 777 аптеки се платени 40,8 мил.евра

52.510 евра просечно по аптека

На две кардиохирургии се платени 12,16 милиони евра

6,08 милиони евра просечно по клиника

На три центри за дијализа се платени 16,6 милиони евра

5,53 милиони евра просечно по дијализа-центар

На 3 центри за бањска рехабилитација се платени 1,25 милиони евра

0,42 милиони евра

На 2.816 матични лекари (општи, стоматолози и гинеколози) се исплатени 46 милиони евра

16.335 евра просечно по матичен лекар (општ, стоматолог, гинеколог)


Можеби ќе ве интересира

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација