19 Мај, 2024
0.0258

Вудурис поднесе оставка, тврди дека Грција лошо ја менаџира бегалската криза

Објавено во: Балкан 14 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Генералниот секретар за бегалци во грчкото Министерство за внатрешни работи, Одисеј Вудурис вчера си поднесе оставка од функцијата и обвинува дека Грција не се справува најдобро со бегалската криза.

Оставката премиерот Алексис Ципрас ја прифати попладнето. Вудурис, кој е одговорен за обработка на податоците на бегалците при нивното прво пристигнување, во интервју за телевизијата „Скај“ кажа дека поднел оставка затоа што бил спречен да донесува одлуки. Вели дека има и повеќе отворени прашања  со неговиот претпоставен, заменик-министерот за миграциска политика Јанис Музалас, и додаде дека е „почесно да поднесе оставка“. Го критикуваше Музалас за справувањето со бегалската криза, обвинувајќи го дека не спроведува прописи за подобрување на управувањето со прифатните центри.

Според Вудурис центрите за бегалци се „без раководство“ и тврдеше дека Музалас не му дозволил да именува директори на објектите. Додава дека лошо се управува и со средствата за бегалци.

„Норвешка троши 12.000 евра годишно за секој бегалец, а Грција троши 15.000“ - вели  тој.

Постои загриженост поради зголемените тензии на егејските острови, а родителите не сакаат бегалци да посетуваат настава или да бидат блиску до училиштата каде се образуваат нивните деца.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс