19 Мај, 2024
0.2054

Вучиќ и Николиќ не го поддржуваат, но не го ни спречуваат референдумот во РС

Објавено во: Балкан 01 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Србија нема да го поддржи спорниот референдум во Република Српска, но нема ни да интервенира за да го спречи.

Српскиот премиер Александар Вучиќ, по состанокот на државниот врв на Србија со највисоките официјални претставници од Бања Лука во Белград, изјави дека Србија секогаш ќе остане со српскиот народ во Република Српска.

Тој и претседателот на Србија, Томислав Николиќ не го поддржаа одржувањето на референдумот за Денот на Република Српска. Воедно не сакаа да влијаат на промена на ставот на легитимно избраните политички претставници на Србите во Република Српска. „Без разлика на различното согледување на политичките последици од референдумот, кои ги изнесовме на состанокот ние од Србија и политичките претставници на Србите од РС, можам само да порачам дека Србија секогаш ќе биде и ќе остане со нашиот народ во Република Српска“ - вели Вучиќ. Мирослав Додик од Република Српска не сакаше да појасни дали властите во овој босански ентитет, ќе продолжат со референдумот или не.

Одржувањето на референдумот е закажано за 25 септември, а со него се оспоруваат надлежностите на Уставниот суд на БИХ.

Целта на референдумот е да се добие јавна поддршка, 9 јануари да се прославува како Ден на државноста на РС. Уставниот суд на БИХ, лани донесе одлука дека прославата на овој празник на тој датум, е неуставно и дискриминаторски кон граѓаните од овој ентитет, од несрпска националност.

Бошњачките политичари се плашат дека ова е всушност претходница на обидот на РС да се отцепи од БИХ.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс