01 Мај, 2024
0.0293

Врвот со делта сојот ќе го достигнеме на средината на септември, вели Кунгуловски

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Делта сојот е позаразен, a врвот ќе го достигнеме на средината на септември, изјави  д-р Горан Кунгуловски.

Вели дека потребно е пократко време од контакт до PCR позитивен резултат при инфекција со делта сојот. 

„Ако со изворниот сој просекот бил 5.7 денови, со делта сојот е 3.7 денови. И тоа со делта, околу 12.5 отсто стануваат позитивни после 2 дена, 27 отсто после 3 дена, 20 отсто после 4 дена, 24 отсто после 5 дена и останатите после 6 или 7 денови. Кај заразени со делта сој се детектира просечно околу 1.000 пати повисока концентрација на вирус отколку со изворниот сој“, вели тој. 

Додава дека ќе треба многу прецизно да се следат контактите на заразените. 

Вакцините се уште си ја вршат својата работа. Во зависност од вакцината, ризикот за зараза е 10-20 пати намален во споредба со невакциниран (непрележан). Значи луѓето се уште може да се заразат, посебно тие што се во постојан контакт со заразен, ама веројатноста е драматично намалена. Вакцинираните покрај тоа што имаат помала веројатност да се заразат, доколку се заразат имаат помала шанса да заразат некој друг.

Вакцините сеуште си ја вршат својата работа. Во зависност од вакцината, ризикот за сериозни симптоми и смртен исход е десетици можеби и стотици пати намален во споредба со невакциниран (непрележан). Пример ако кај невакцинирано население би имало 20 смртни исходи, кај вакцинирано би имало 1. Неопходно е приоритетно вакцинирање на постарото население и населението со коморбидитите. Така ќе се намали бројката на сериозно болни и бројката на смртни исходи. Со понатамошна вакцинација и евентуално трета доза, ќе може да се намали и ланецот на трансмисија. Така ќе се сузбие пандемијата“, вели докторот. 

Објаснува дека нема друг начин туку само вакцини, редовно тестирање и одговорност.

Во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на КОВИД-19.

Можеби ќе ве интересира

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура