21 Мај, 2024
0.0312

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

Објавено во: Македонија 30 Април, 2024

Добивај вести на Viber

СЕ ОЧЕКУВА БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево изјави дека во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања и Панче,  откако денеска Министерството за правда соопшти дека е одобрена екстрадицијата од Турција. 

„Во текот на денешниот ден добивме информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата за предметното лице, со тоа што нашите полициски службеници се во комуникација со турските колеги и се очекува во наредниот период да утврдат сè што е потребно од аспект предметното лице кое е прогон од страна на Обвинителството на РМ, да биде изнесено пред лицето на правда“, изјави Тошковски.

Министерот за внатрешни работи рече дека нема конкретен рок, но дека Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може.

ПЕНДАРОВСКИ И СИЛЈАНОВСКА СИ РАЗМЕНИЈА ОСТРИ ЗБОРОВИ

Kандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски вели дека е запрепастен од сознанието на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска која знае дека во ДУИ има поделби.

„Мене ме запрепастува сознанието на Гордана Силјановска која знае дека внатре во ДУИ има поделба. Како ги обезбедила тие информации? Со прислушкување, со доушници во таа партија? Јас на пример немам никаков податок што се случува внатре во ДУИ“, вели Пендаровски за ТВ21.

Силјановска Давкова рече дека во ДУИ дел се за бојкот, дел се против. 

МИЦКОСКИ УПАТИ СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА ДО ДУИ

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски сподели порака од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Точно знам Али што правиш со твоите соработници и твоите бандити во Бутел, кои пто се собираат во еден стан во Топанско поле, наоружани до заби. точно знам кој ги којнтролиа твој соработник ,оној истиот што уживаше во претседателскиот апартман  во еден луксузен хотел во Истанбул предм ногу години. Точно знаеме што правите и што се обидувате да направите во деновите што следат“, истакна Мицкоски.

На оваа порака се надоврза Костовски, кој нагласи дека времето на бандитите во Бутел истече.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

На пазарите има гужви и граѓаните веќе купуваат јајца за големиот христијански празник Велигден кој ќе го прославиме за неколку дена.

Хусамет Агушовски, претседателот на Управниот одбор на Топлана Скопје Север, која од неодамна е продадена за 350.000 евра, на новиот сопственик Ајри Шеј му ја отстапи директорската функција во фирмата „Друштво за снабдување со пареа и топла вода „Енерџи Еколинк АД - Скопје“.

Ланската добивка беше навистина солидна, а како таа ќе се дели ќе одлучат акционерите на „Фершпед“ на 31 мај оваа година.

Административците кои се задолжени за спроведување на вработувањата во сите јавни институции не можат да се пофалат со високи плати. Нивните примања се околу просечната плата во Македонија, иако имаат обврска да ги организираат изборот и процедурите за вработување на нови лица во јавните институции.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази