20 Мај, 2024
0.0309

Врв во својата класа – Новиот „Mitsubishi Outlander“ во Македонија

Објавено во: Мои пари 25 Август, 2015

Добивај вести на Viber

  • Нивиот Outlander многу повеќе од редизајн, содржи над 100-тина темелни инженерски промени
  • L200 со стилизиран надворешен дизајн и внатрешност, поголема удобност, лесна управливост и издржливост
  • outlander7

По светската премиера на американскиот континент, новиот Mitsubishi Outlander пристигна и во Македонија. Јапонскиот производител направи многу повеќе од вообичаено освежување на дизајнот.

Во овој случај станува збор за потемелен зафат кој освен поголеми интервенции во дизајнот, опфаќа и над 100-тина инженерски подобрувања на возилото. Сите новини кај новиот Mitsubishi Outlander главно се однесуваат на:

  • Нов визуелен идентитет, наречен „Динамичен штит“
  • Нови дизајн линии и додатоци на каросеријата
  • Суштинско подобрување на звучната изолација
  • Структурни подобрувања и сосема ново сетирање на шасијата
  • Нови опции во делот на зголемената безбедност
  • Зголемена ефикасност на моторите

За успешната приказна на овој модел говори фактот дека од појавувањењето во 2001-та година се до денес, произведени се над 1 милион и 300 илјади возила Mitsubishi Outlander, од кои само од последната,трета генерација, во изминативе три години се произведени 320 илјади возила.

outlander

Привлечен нов надворешен изглед

Новиот дизајн концепт всушност го прикажува новиот идентитет на Mitsubishi Motors и кој може да се воочи преку изгледот на предниот дел на возилото и е наречен "Dynamic Shield" (динамичен штит).

Концептот именуван како Outlander PHEV Concept-S премиерно беше прикажан на саемот за автомобили во Париз минатата година.

„Новиот преден изглед всушност го отсликува нашето минато како и филозофијата – формата ја следи функционалноста – како што се разните надворешни штитници кои претставуваат наследство од поранешните модели на Pajero и кои овозможување посебно чувство додека возите. Во тој контекст, нашиот нов дизајн на преднот дел на возилото е израз на традицијата и еволуцијата од тоа.Затоа го нарекуваме „Динамичен штит“, изјави претседателот на Mitsubishi Motors Cooperation, Тестуро Аикава.

outlander3

Новиот Mitsubishi Outlander ја наследува функционалноста на успешните генерации на Pajero и Lancer Evolution. Централниот дел во црна боја ја изразува моќноста и перформансите, а странично, како и на подлогата напред и назад се вклучени додатоци за заштита. Дизајнот не претставува само форма, туку е основа за изгледот на идните модели на Mitsubishi. На предниот дел на возилото, светлата и решетката го истакнуваат чувството за пространост. Оваа идеја идентично е пренесена и за задниот дел од возилото, каде дополнително е поттикнато и чувството за стабилност.

Концептот на OUTLANDER има вистински лик на SUV-возило, поради што се вклучени различни елементи во дизајнот, како што се заштитата на предната подлога, која е во сребрена боја и е во комбинација со црна боја со останатиот дел на долниот дел од подлогата, како и страничните додатоци на возилото.

Како дополнение на севкупниот изглед се и обликот на LED предните светла кои се интегрирани заедно со LED дневните светла, кои воедно придонесуваат и за зголемување на безбедноста при возење дење или во текот на ноќта.

За истакнување на севкупниот изглед, вклучени се сосема нови алуминиумски тркала, двобојни со 18 инчи.

Новиот Mitsubishi Outlander е зголемен за 40 мм, со неговата должина сега изнесува 4.695 мм.

outlander8

 Технички карактеристики:

  • Меѓуоскино растојание:                               2.670 мм
  • Должина:                                                        4.695 мм
  • Висина:                                                           1.680 мм
  • Ширина:                                                          1.810 мм
  • Забрзување 0-100 км/ч                                10 сек
  • Максимална брзина:                                                200 км/ч
  • Мотор:                                                2.2L Di-D 16-вентили

                                                            150 KS / 380 Nm

 

Внатрешност со премиум елементи

Новините веднаш може да се забележат, почнувајќи од редизајнираниот управувач, новиот Mitsubishi мулти-комуникациски систем со навигација, аудио системот со премиум квалитет, мека површина на горните делови на инструмент таблата и вратите, како и други функционалности, вклучително и местењето на вториот и третиот ред седишта.

Во внатрешноста на располагање се функционални и атрактивни елементи, почнувајќи од двозонски клима уред, како и електричното приспособување на седиштата со што се обезбедува задоволство при возењето дури и на долги патишта. Особено корисно за возачот е електричното отворање на петтата врата и бесклучниот систем за работа со возилото.

Подобрена платформа, значително подобрена агилност

Новиот MItsubishi Outlander е со значително подобрена управливост за што е посветено особено внимание од страна на инженерите на Mitsubishi во однос на суспензијата и електро-серво управувачот.

Што се однесува до зголемување на нивото на изолација, направени се измени во дизајнот кои се однесуваат на аеродинамиката, зголемување на дебелината на задното стакло, влучување дополнителни материјали и додатоци во кабината, како и во делот на моторот.

outlander4

Новиот адаптиран систем на држач на моторот кој е со конструкција на нишало ги прифаќа осцилациите во правец напред/назад, со што значително ги намалува вибрациите и бучавоста. Изолацијата од звуци се подобрува и со користење на напреден систем за потпирање и соодветни пневматици.

Во однос на погонот, новиот Outlander е опремен и со напредниот систем S-AWC или т.н. супер контрола на погонот на 4 тркала. Овој интегриран систем за контрола обезбедува висок степен на зафаќање на тркалата по подлогата, одлична стабилност и линеарна управливост дури и во предизвикувачки услови, со оптимално комбинирање на системот за активна стабилност - Active Stability Control (ASC), погонот на четири тркала 4WD и системот за контрола на дистрибуција на вртежниот момент - AYC (Active Yaw Control).

outlander2

Висок степен на безбедност

Новиот OUTLANDER е опремен со повеќе безбедносни елементи, со помош на кои постојано се одржува безбедноста и контролата. Новите системи за избегнување на судар, му овозможуваат на OUTLANDER да детектира потенцијална опасност и да превземе превентивни мерки. Системот од седум SRS воздушни перничиња, вклучувајќи ги и тоа за колената на возачот се дел од стандардната опрема.

Mitsubishi Outlander е достапен со напредни системи за безбедност, вклучително радарскиот систем за активно сопирање (Forward Collision Mitigation - FCM), системот за предупредување при напуштање на коловозна лента (Lane Departure Warning - LDW) и радарскиот систем за одржување брзина (Adaptive Cruise Control - ACC). Исто така, Mitsubishi Outlander за 2014 и 2015 година го освои признанието од американскиот институт за безбедност на патиштата  “Top Safety Pick+”.

Нова 5та генерација на MITSUBISHI L200

По 9 години и над 1.300,000 произведени возила,последната генерација на Mitsubishi L200 заминува како успешна приказна во автомобилската историја и на неговото место, доаѓа нова петта генерација.

Новиот L200 се одликува со многу новини во однос на претходниот модел во однос на новата технологија на мотори, ниската емисија на штетни материи, подобрена аеродинамичност, намалување на тежината на возилото, дополнителни елементи на активна безбедност.

Во последните години се повеќе е изразена употребата на пик ап возила во Европа, за чиј бенефит, купувачите на L200 ширум светот, одлично знаат веќе шест децении. Развојот на L200 од страна на Mitsubishi Motors почнува уште во далечната 1946 година со производство на нивното мало товарно возило Mizushima, со тежина од 400 кг.

Од појавувањето на L200 во 1978 година, досега се промовирани 4 генерации на овој модел и произведени над 4 милиони возила.

Нова генерација на L200

outlander6

Новиот модел на L200 всушност претставува 5-та генерација и е целосно развиен од страна на Mitsubishi Motors Corporation. Новиот модел уште повеќе ги истакнува предностите кои се бараат од страна на купувачите, а се однесуваат повеќе на стилизиран внатрешен и надворешен дизајн, поголема удобност, лесна управливост и издржливост.

Освен тоа, новиот L200 овозможува најниско можно ниво на негативно влијание врз животната средина – во случајот за емисија на CO2, кој од 199 g/km кај претходниот модел, сега изнесува 169 g/km.

Промени кои се направени кај новиот модел:

  • Нов атлетски дизајн, но притоа задржувајќи го препознатливиот изглед познат како „J-Line“
  • Постигнување низок коефициент на аеродинамичност Cd 40
  • Постигнување оптимална тежина во разумни граници со цел постигнување одличен однос на моќност / тежина.
  • Зголемување на просторноста во рамките на компактни димензии на возилото и со најмал радиус на круг на вртење во својот сегмент од само 5,9 м
  • Подобрена позиција за седење и возење
  • Значително подобрена удобност
  • Подобрена изолација од бучавост
  • Нов дизел мотор со зафатнина од 2.4 l и 154 / 181 кс, намалена CO2 емисија од 199 g/km кај претходниот модел на 169 g/km
  • Сосема нов 6-степен мануелен и нов 5-степен автоматски менувач, со кои значително се подобрени перформансите на возилото
  • Подобрена цврстина на конструкцијата
  • Подобрување кои се однесуваат на активната безбедност
    • Super Select 4WD II – електронска контрола на погонот на 4 тркала
    • Оптимизација на суспензијата
    • Систем за предупредување при напуштање на коловозна лента
    • Систем за зголемена стабилност при влечење
    • Систем за помош при тргнување на нагорнини
    • Предни ксенон светла со интегрирани LED дневни светла
  • Подобрување во однос на пасивната безбедност
    • Засилување на RISE конструкцијата
    • Воздушно перниче за колена на возачот
  • Нови опции
    • Камера за движење за наназад
    • KOS безклучен систем со копче за стартување на моторот
    • Темпомат со променлив лимитер за брзината на движење
    • Двозонски автоматски клима уред и други електронски функционалности во внатрешноста на возилото

outlander5

Атлетски дизајн

L200 отсекогаш бил познат по препознатливиот и привлечен изглед. Надворешниот дизајн е еден меѓу првите елементи на кои се посветува особено внимание од страна на Mitsubishi Motors.

Кај досегашниот модел главна карактеристика на надворешниот дизајн е линија позната како “J-Line”, додека внатрешноста е инспирирана од Pajero.Но, во последните неколку години барањата на купувачите се изменети, за што се наметна потребата за извесни потемелни промени во изгледот на возилото.

Исто така, инженерите на Mitsubishi Motors успешно направија подобрувања во однос на аеродинамичноста, чиј коефициент на отпор на воздух сега изнесува Cd 40 (претходен модел Cd 46), како и во однос на пасивната безбедност, но притоа да се одржи балансот на моќноста и тежина на возилото.

Верзијата на Новиот L200 со двојна кабина е со должина од 5,205 mm и има најдобар радиус на вртење во својата класа, кој изнесува 5,9 метри. Инженерите на Mitsubishi Motors успеаа во овие димензии да направат извесни подобрувања во однос на удобноста на кабината.

Кај новиот модел на L200, направена е и значителна промена во однос на позицијата на седење и вклучува:

  • Пошироки и подолги наслони на седишта
  • Изразени рабови на седиштата
  • Помеки седишта со повисока еластичност на материјалот
  • Прилагодувања на управувачот
  • Целосна видливост на предната надворешна ивица на капакот на моторот
  • Повеќе начини на прилагодување на управувачот
  • Форма на столбови кои ја подобруваат видливоста

Со цел за подобрување на изгледот во внатрешноста, новиот L200 вклучува материјали како што се пијано декор панели и хромирани детали на конзолите и вратите.

On & Off-road

Ова мултинаменско возило со носивост од 1 тон е предвидено да се движи на различни терени, со динамична ефикасност, удобност и да пружа високо ниво на безбедност.

Што се однесува до предната суспензија, зголемен е дијаметарот на стабилизаторот, со цел подобрување на удобноста и стабилноста. Исто така зголемена е и должината на пружините и направена е извесна промена на нивната позиција.

Освен ова направени се и други промени:

  • Оптимизирање на предните и задните амортизери
  • Помал сооднос на вртење на управувачот, со што се намалува напорот на возачот при управување
  • Оптимизација на електро-серво управувачот, зголемена директна управливост и стабилност
  • Подобрување на системот за сопирање

Новиот L200 содржи и Super Select 4WD-II, систем кој овозможува бирање на најдобриот пренос на менувачот, во зависност од теренот и условите на возење. Исто така може да се направи измена на погонот од 2 тркала на погон на 4 тркала, без претходно застанување на возилото.(до 100 км/час, без оглед на условите на теренот).

Во специфични ситуации, Super Select 4WD II системот овозможува значителен зафат со подлогата на возење, доколку товарниот дел на возилото е празно.

Поседува централно заклучување на диференцијалот, со што се постигнуваат исклучителни перформанси, но во исто време се овозможува и контрола на преносот на вртежниот момент на предната и задната оска за добивање супериорна управливост и лесно маневрирање, на нерамни и лизгави терени.

Super Select системот исто така содржи и опција 4LLc при мали брзини, која овозможува возење при вистински “off-road” услови, односно достапно е заклучување на диференцијалниот систем на задната оска што од друга страна овозможува максимално зафаќање со подлогата кај лизгави терени. Кон овие перформанси се вклучува и висината на ниво на вода кое возилото може да го премине и изнесува 600 мм.

MIVEC дизелски мотор

Основна корпоративна цел на Mitsubishi Motors е да понуди мотори за своите возила кои имаат најниско можно ниво на штетно влијание врз животната средина.

Од таа причина, постојано се инвестира во развој на електрични и plug-in хибридно-електрични возила, како и во делот на аеродинамичноста и тежината на возилата.

Во контекст на ова е и развојот на новиот MIVEC дизел мотор, со висок степен на ефикасност и со следните верзии на трансмисија:

  • 6-степен мануелен менувач – сосема нова трансмисија развиена за намалување на економичноста на гориво и нивото на емисија на штетни материи, намалени вибрации и бучавост
  • 5-степен автоматски менувач – кај оваа трансмисија е направен баланс меѓу перформансите, тежината и цената на чинење и истиот менувач се користи и кај

Зафатнина на мотор Моќност Вртежен момент CO2 емисија
  2,4.40 cc   154 KS @ 3,500 rpm   380 Nm @ 1,500-2,500 rpm   169 to 193 g/km
  2,4.40 cc   181 KS @ 3,500 rpm   430 Nm @ 2,500 rpm   169 to 193 g/km

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО