21 Мај, 2024
0.0285

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Се очекува дожд, но и снег на планините

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во Македонија претпладне ќе имаме сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. 

Попладне се очекува  зголемена облачност, а во вечерните часови со зголемената облачност во западните и северните делови ќе има и локален дожд. Врнежите во текот на ноќта ќе се прошират кон централните делови на земјата. Ќе дува умерен ветер од јужен и југозападен правец, кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе засилува. 

Утринската температута ќе се движи од 2 до 10 степени, а дневната од 22 до 28 степени. Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне со зголемена облачност. Во вечерните часови со зголемената облачност ќе има појава на локален дожд. Врнежите во текот на ноќта ќе бидат почести. Температурата ќе се движи од 8 до 26 степени.

Во сабота ќе имаме облачно време со поинтензивни врнежи од дожд, ветровито и свежо време со голем пад на температурите. Над 1800 метри надморска висина односно на повисоките планини се очекуваат и врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат од 1 до 10 степени, додека пак дневните ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 5 односно до 14 степени. Во недела и понеделник ќе имаме невообичаено свежо утро со утринските температури од 0 до 8 степени, односно од 2 до 10 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачноста и потопло време со дневните температури од 9 до 18, односно од 11 до 20 степени. Во вторник ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и потопло време. Минималната температура ќе биде од 1 до 9 степени, додека пак максималната дневна од 12 до 21 степени.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази