22 Мај, 2024
0.0298

ВРАЌАЊЕ НА ЖИВОТОТ ВО БЕРОВО

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Под мото Живот за сите, кандидатот за градоначалник на Берово  од СДСМ, Звонко Пекевски интензивно ја промовира својата програма за вракање на животот во Берово во наредните четири години во оваа општина пред граѓаните на Берово.

Тој денеска го посети Градскиот пазар во Берово кој е во катастрофална состојба, каде имаше средби со продавачите на тезгите и со посетителите на пазарот, каде во директна комуникацја и разговор ги слушна нивните потреби, очекувања ижелби за подобро утре на бизнис план. Покрај средбите со продавачите, тој имаше средби и со граѓаните со кои беа таму во тие моменти. 

Конечно имаме добар кандидат.Се надевам дека ќе победи на претсојните локални избори и навистина успешно ќе го води нашето Берово.Особено не радува тоа што Звонко е наше дете, Беровско дете,  и овде сите го познаваат , почитуваат и сакаат. Ние веруваме во него“ - велат граѓани на Берово. 

„Пазарот во Берово  е мал. Егзистираат дваесетина  тезги со земјоделски производи и 2-3 тезги  со текстил. Пазарот работи само во четврток, но сепак големата посетеност од страна на беровци. Берово заслужува модерен пазар и во следните години тој ќе го изградиме“- рече  Звонко Пекевски. 

Оваа средбата тој ја искористи и да поразговара со трговците за нивните проблеми. Продавачите на пазарот, најмногу се пожалија за финансиската криза која владее насекаде, раскажаа дека на моменти дури и ги снижуваат цените на производите со цел да ги усогласат со примањата на купувачите, и истите да можат да ги продадат. Како што велат беровчани , тој има голема доверба кај граѓаните и очекуваат голема победа на Пекевски уште во првиот круг.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази