19 Мај, 2024
0.0286

Вработените во МЖ Транспорт ако в среда не добијат дел од платата ќе следи штрајк

Објавено во: Економија 29 Август, 2016

Добивај вести на Viber

На вработените во МЖ Транспорт во среда до 15.30 часот да им биде исплатен вториот дел од платата за јули.

Ова го договориле на денешната средба претставници на четири синдикати од Македонски железници Транспорт,  Министерството за транспорт и менаџерскиот тим на МЖ Транспорт.

Договорено е наредните плати да не го надминуваат месецот за исплата.

Ако не се исплати платата согласно договореното в четврток напладне започнува генерален штрајк, соопштија НСПМЖ и синдикалните организации МЖ Транспорт, на вработените на подружница Влеча на возови и на Независниот синдикат на машиновозачите и железничарите. Синдикатите информираат дека ако дојде до штрајк,  меѓународните возови ќе сообраќаат, а во локалниот патнички сообраќај ќе има само по еден пар возови.

Тие претходно најавија активирање на штрајкот затоа што раководството не го исполнило договореното за исплата на вториот дел од платата до 25 август. Тие бараат и да се исплатат јубилејните награди за вработените кои исполнуваат услов согласно со одредбите од Колективниот договор, како и да се разгледаат и преиспитаат изречените санкции кон дел од вработените.

Од раководството на МЖ Транспорт укажуваат дека во изминатите четири месеци заради блокадите од грчка страна, Солунското пристаниште и штрајкот на работниците на Грчките железници, Македонски железници претрпеле директна штета од пет милиони евра што придонело за тешкотии во тековното работење и исплатата.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?