19 Мај, 2024
0.0275

Вработените во МЕПСО масовно ја поддржаа акцијата „Ден на дрвото“ и засадија над 500 садници

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Вработените во МЕПСО масовно се вклучија во акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ денеска на повеќе локации низ земјава во Скопје, Битола,  и во Штип. Повеќе од педестина вработени во МЕПСО денеска организирано на неколку локалции во земјава ќе засадат повеќе од 500 садници. - За оддржување на далекуводните коридори нашата компанија секоја година согласно со годишната програма мора да расчистува шумски појаси. Тоа е со цел да се одржува стабилна, непречена и доверлива работа на преносната мрежа и на електроенергетскиот систем. Наша цел е преку учеството во оваа акција да засадиме барем тројно повеќе дрва од тоа што се мораме да исечеме, потенцираше Ацо Ристески, директор на подружницата Оператор на преносна мрежа и член на Управниот одбор на МЕПСО, денеска на локацијата за садење во близина на Брњарци, скопско.
??????????
На таа локација акцијата организирано ја поддржаа повеќе од 20 вработени во МЕПСО – електромонтери кои се грижат за одржување на преносната мрежа.
- Овде на оваа локација целта ни е да засадиме над 200 садници со што ќе го дадеме нашиот придонес во обновување на шумскиот фонд; Вкупно на сите локации на кои сме присутни планот ни е да засадиме најмалку 500 садници. Колективот на МЕПСО секогаш ја поддржувал оваа акција, а така ќе продолжиме и во иднина, додаде Ристески.
МЕПСО е државна компанија задолжена за јавните дејности: сигурен, непрекинат и доверлив пренос на електрична енергија, за управување со електропреносниот систем и за организација на пазарот на електрична енергија. МЕПСО управува со повеќе од 2.000 километри електропреносна мрежа на 400 kV и на 110 kV напонско ниво вмрежена во повеќе од 50 трансформаторски станици ширум земјава. МЕПСО управува и во пет 400 kV далекуводи со кои Република Македонија е поврзана со соседните електропреносни системи на Република Србија, Република Грција, Република Бугарија и на Република Косово.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО