Вработени во Водовод се закануваат дека Скопје ќе остане без вода, бараат разрешување на директорот
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2022
Сојузот на синдикати на Македонија до среда му даде рок на Град Скопје да го разреши директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје, Марјан Митовски. Тој е назначен на оваа функција пред само еден месец, откако претходно оставка си даде Златко Перински поради тендерски несогласувања.
Од таму велат дека новиот директор, кој го назначи градоначалничката Данела Арсовска, на 30-тина вработени им дал други работни задачи кои не соодветствувале со описот на нивното работно место.
Дека не се стручни за наметнатите задачи тие ги известите трудовиот и управниот инспекторат, но и решенијата кои пристигнале одтаму биле игнорирани од Митовски.
- Не може хидроинженери да праќаме по чуварски куќички и препумпни станици. Возачи пак на специјални возила седеле во базата без работа затоа што не му се допаѓале на Марјан Митовски, рече Дарко Димовски, претседателот на ССМ, на денешната прес-конференција.
Димовски ги повика Арсовска, Советот на Град Скопје и Управниот одбор на претпријатието да реагираат со разрешување затоа што Митовски правел селекција и раздор помеѓу вработените.
- Градоначалничката да не дозвоили, како што вчера немаше автобуски, превоз, утре да нема вода за пиење, додаде Димовски.