19 Мај, 2024
0.0288

Врабчев: Eскалацијата на негативни чувства кон Бугарија значи враќање на Македонија на оската на Белград

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Андреј Врабчев од бугарската Фондацијата „Татковина“ вели дека сите точки од Договорот за добрососедство со Северна Македонија станаа жртва на историскиот спор на т.н. историска комисија.  Додава дека во моментов бугарската страна е заглавена во историјата, без да сфаќа дека пишува приказна во која ќе биде наведено дека застанала против луѓето што ги дефинира како свои браќа.

Во изјава за БНТ, Врабчев како можно излезно решение од сегашната ситуација, предлага расправата за историските спорни прашања да биде одложена за време кога ќе има поволни услови за тоа. 

Смета дека Бугарија во моментов е пречка на Балканот, наместо да учествува во проектот на Европската унија и да го прошири своето влијание во Македонија, вели Врабчев. 

„Потребно е брзо решение, затоа што секоја ескалацијата на негативни чувства кон Бугарија значи враќање на Македонија на оската на Белград. Бугарија нема интерес Македонија да назадува и повторно да се сврти кон Белград“, изјави Врабчев.

Тој вели дека бугарската страна треба да се повлече од ситуацијата, бидејќи веќе заборавила до каде е стигнато и кои се заедничките интереси со  Македонија.

Македонија се надева на решение, но бугарската страна засега не попушта и не запираат провокативните изјави. 

Критика за бугарскиот шовинизам стигна и од Грција. 

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична