19 Мај, 2024
0.0320

Коѕијас не нарекува „Северномакедонци“ и го критикува бугарскиот шовинизам

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Eкс шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас пишува за македонско - бугарските односи и блокадата на македонските преговори. 

„Сериозен проблем се создаде во нашиот регион, поради шовинистичкото откопување на македонското прашање од радикалните националисти од Бугарија“, пишува поранешниот министер за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас на почетокот од неговата колумна за „Независната балканска новинска агенција" и објаснува дека „станува збор или за јасни радикални десничари како што е актуелниот министер за одбрана и за некои други бугарски политичари што сакаат да ги поддржат нивната предизборна битка и нивните лични стратегии", јави дописничката на МИА од Атина.

Во колумната под наслов „Ставот на бугарскиот шовинизам во македонското прашање", поранешниот шеф на грчката дипломатија, професор по меѓународни односи и член на движењето „Прато", Никос Коѕијас пишува за бугарското вето, ги анализира, но и ги критикува барањата и позициите на Софија, а ги коментира и ставовите на дел од грчките десничари и радикални десничари.

Истакнува дека со Договорот од Преспа, Грција се ослободи од проблемот, а денес „про-турски ориентираните во Бугарија сметаат дека од договорот, загубиле дел од нивниот „шовинистички наратив" и „како втор бељаџија во регионот, поставуваат два нови предуслови за европскиот тек на Македонија"

Коѕијас пишува дека првиот предуслов е „Северномакедонците да прифатат дека се Бугари" и коментира дека Бугарија „ја нема сфатено етногенезата, во текот на 20-от век, на нов словенски народ, Славомакедонците".

Вели дека наспроти историските разврски и реалноста „бугарските шовинисти живеат надвор од време и простор и во ерата на Комунистичката интернационала".

„Игнорирајќи ја историската реалност, шовинизмот што произлегува од мрачните години на бугарската окупација, сака Славомакедонците повторно да ги именува Бугари. Останат е во ерата на крвно- генетските определувања на нациите и не сфаќа дека нациите денес се културно-политички субјекти со конкретни права во однос на нивните институционални системи. Нема разбрано дека огромното мнозинство на Славомакедонците и уште повеќе секој Албанец од Македонија или Влав со грчка свест, никогаш не би прифатиле да се сметаат за Бугари“, објаснува поранешниот шеф на грчката дипломатија и професор.

Во однос „другото барање на бугарскиот шовинизам", односно јазикот, Коѕијас пишува дека Бугарија тврди дека „славомакедонскиот јазик не е независен јазик, туку е бугарски".

Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места