19 Мај, 2024
0.0256

Во Турција почнува учебната година, на земјата и фали наставен кадар

Во Турција почнува учебната година, но на државата и фалат наставници.

Објавено во: Балкан 19 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

На Турција и недостигаат 130.000 наставници, а од настава претходно се отстранети 55.000 наставници. 

Во училиштата ќе бидат организирани иницијативи под мотото „Победа на демократијата и помен за загинатите херои на 15 јули“. Ќе бидат поделени брошури за случувањата од 15 јули кога во државата имаше обид за државен удар. Градскиот превоз во Истанбул ќе биде бесплатен од 6 до 14 часот, пишува весникот Милиет.

Провладиниот Стар нагласува дека новата учебна година почнува без кадрите на проповедникот Фетулах Ѓулен, кој е обвинет од властите за обидот за пуч. 

Истовремено, про-опозициските изданија истакнуваат за огромни проблеми во државата во системот за образование поврзани со недостиг од наставници.

Учебната 2016-2017 година почнува со голем број проблеми. По обидот за преврат од настава се отстранети наставници заради поддршка на Ѓулен. На нивните места се уште не се назначени нови наставници, наведува Џумхуриет.

Весникот го цитира синдикатот во образованието според кој, во државата во моментот недостигаат 130.000 наставници. Во Дијарбекир има недостиг на над 4.000 наставници, а најмногу недостигаат во Истанбул – 27.000. 

„Задолжително учење арапски јазик за седумгодишните“, тоа е  наслов на првата страница на весникот Ајданлак кој наведува дека од оваа учебна година децата во второ одделение почнуваат со изучување арапски јазик. Меѓу темите што ќе се изучуваат на часовите по арапски јазик се и – ја сакам религијата, го сакам пророкот, намаз по петпати дневно и постење. 

Учебната 2016-2017 година почнува со хаос – 1,5 милиони ученици остануваат без наставници и поради тоа, училишното ѕвонче ѕвони без да има наставници кои планираат протести, наведува Евренсел.

За околу 18 милиони и 43 илјади ученици во Турција, како и за 900 илјади наставници денеска почнува учебната година.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс