Во еден од македонските градови има само 8 активни случаи на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Јануари, 2021
Дојран е градот со најмалку активни случаи на коронавирусот и тоа само 8. Демир Хисар има 13, Македонски Брод има 15, а Кратово 16 случаи. Пехчево пак има 26 случаи иако долго време беше град со најмалку активни случаи на коронавирус. Валандово има 29, Крушево 34, а Демир Капија 36 случаи.
Скопје има 7.304 активни, Куманово 455, Тетово 468, Прилеп активни 302, Гостивар 332, Штип 172, Битола 254, Велес 335 активни случаи.
Досега во Македонија се регистрирани скоро 89.000 случаи на коронавирусот.
Македонија наскоро ќе добие вакцини од соседна Србија. Станува збор за 8.000 дози од Фајзер.