19 Мај, 2024
0.0285

ВНИМАВАЈТЕ: Ексминистерката Нина Ангеловска е во добра кондиција, тренира кикбокс

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Екс министерката за финансии Нина Ангеловска има ново хоби. Тоа е кикбоксот, на кој таа деновиве активно му се посветила. 

На социјалната мрежа Инстаграм таа објави фотографии од еден тренинг на кикбоксинг, каде што всушност напишала дека тоа е нејзиното ново хоби. 

За кикбоксот се наведува дека тој се наоѓа во групата на стенд-ап борбени спортови, каде што се се дозволени удари со раце и нозе. Јапонскиот кикбокс потекнува од доцните 50-ти години на минатиот век, со натпревари што се одржуваа од тогаш.

Американскиот кикбокс потекнува од 70-тите години на минатиот век и беше доведен до израз во септември 1974 година, кога Professional Karate Association (PKA) го одржа првиот Светски шампионат. 

Историски гледано, кикбоксот може да се смета за хибридна боречка вештина формирана од комбинацијата на елементи од разни традиционални стилови.

Интересно е да се чуе дали ова е класична релаксација, или можеби подобрување на физичката кондиција заради одбранбени мотиви од евентуални непријатели.

Но, кикбоксот не е единствената преокупација на поранешната прва финансиерка. Таа изминативе денови покажа дека знае да биде активна и исполнета не само на министерската функција, туку и во областа на нејзината прва животна преокупација и љубов, а тоа е бизнисот. 

И не само тоа, туку таа веќе почна активно да учествува на бројни европски и регионални бизнис конференции, кои се однесуваат на лидерство, иновативност, правата на жената и слично.

Неодамна Ангеловска била во Виена, каде, како што објаво на фејсбук, имала прилика да зборува на конференција "Women's Excellence Circle-Austria Connects with SEE" организиранa од Southeast Europe Business Development Network (SEEBDN).

На панелот насловен "Интернационално лидерство и одговорности" зборувала за лидерство во време на криза, разликите во лидерството во приватен и јавен сектор како и за справувањето со ковид-кризата, дигитализацијата, соработката со ЕУ...

Пред неколку дена, пак, ексминистерката беше во Белград на Innovation Week настан кој го организираше српска организација посветена на економско зајакнување на жените и нивна афирмација.

Ова всушност беше нејзино прво објавување на некоја своја активност на социјалните мрежи, по подолг молк, практично откако му ја предаде престижната функција во Финансии на нејзиниот наследник, министерот Фатмир Бесими. 

Засега нема информации дали Ангеловска би добила некоја од државните функции, како што се директорските места по државните институции, чија распределба се „крои“ деновиве, и како што најави премиерот Зоран Заев, треба да заврши до 20 октомври. Оттаму се и претпоставките дека екс министерката најверојатно се враќа во бизнисот. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража