19 Мај, 2024
0.0307

ВМРО-ДПМНЕ: Вељановска видена во кабинетот на Анѓушев

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Пратениците во Собранието денеска на 50. седница ги изгласа претседателот и тројца членови на Регулаторната комисија за енергетика. Опозицијата гласаше против предлозите, спорејќи ја незвисноста на кандидатите.

За претседател е именуван Марко Бислимовски, а за членови Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Гуштрим Рамадани.  Регулаторната комисија за енергетика има уште тројца членови, кои беа претходно избрани.

Пратениците од опозицијата обвинија дека со изборот на членовите на Комисијата се прави рушење на независноста на ова регулаторно тело.

– Ова владејачкото мнозинство многу ветуваше дека Собранието ќе има  контрола врз власта, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Цуклев.

Покажа слика од Тунески како зборува на прес-конференција на СДСМ, а претходно координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев обвини дека Наташа Вељановска во Регуларотната комисија доаѓа од Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

– До вчера Анѓушев беше најголем играч на пазарот на електрична енергија, рече Цуклев.

За Данев, пак, изборот на Вељановска, која изминатите девет месеци работела во Кабинетот на вицепремиерот, е потценување на интелегенцијата не само на пратениците туку и на граѓаните.

– Ние не ја спориме нивната професионалност, туку нивната независност. Ова е крај на освојувањето на Регулаторната комисијата од Анѓушев, обвини Данев.

Хари Локвенец од СДСМ посочи дека Вељановска е професионалец и дека работела во Регулаторната комисија, а во Кабинетот на еден вицепремиерите помагала во изминатите месеци.

– Исклучително посветен професионалец, вклучен во работата на Регулаторната комисија, а девет месеци помага во еден од Кабинетот на заменик претседателите на Владата, истакна Локвенец за Вељановска.

Горан Милевски од ЛДП, пак, го потсети Цуклев дека од 2006 година неколку години претседател на партиската Комисија за енергетика во ВМРО-ДПМНЕ бил токму Тунески.

– Прашајте се зошто ви избегал, рече пратеникот од владејачкото мнозинство.

Милевски сугерираше дека е потребно да се избираат непартиски професионални кадри во сите институции, а Тунески кој бил и во СДСМ и во ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, би можело да се смета за консензуален кандидат.

Реџаиљ Исмаили од ДУИ кажа дека Гуштрим Рамадани е еден од професионалците во оваа област кој се вратил од Австрија да работи во Македонија. Член е на Регулаторната комисија од 2013 години.

Собранието го избра Максут Али за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување,додека за членови се избрани Ментор Јакупи, Дарко Саздов, Борче Божиновски и Марина Макенаџиева.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ при гласањето за дневниот ред имаше забелешки за носење на закони по скратена постапка, иако, како што рече координаторот Данев, владејачкото мнозинство ветило дека носењето на закони по скратена постапка ќе стане минато.

Данев реагираше зошто по скратена постапка Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, предложен од пратеници од владејачкото мнозинство, се носи по скратена постапка. Обвини дека владејачките партии сакаат побрзо да направат смени на директорите во училиштата и затоа имаат потреба за брзо менување на овој закон. Тој посочи дека ЕК веќе собира забелешки за новиот извештај и оти освен името ќе не ценат и за други работи.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев досега Собранието донесло 157 закони од кои 114 во редовна и 43 по скратена постапка односно 30 отсто, а за шест од нив кои биле консенсуални гласале и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во време на ВМРО-ДПМНЕ 85 отсто од законите во Собранието беа носени по скратена постапка, а некои од нив и без присуство на опозицијата, рече Тунтев.

На седницата беа изгласани и повеќе закони во второ читање.

Седницата ќе продолжи по редовната едночасовна пауза на Собранието.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?