19 Мај, 2024
0.0298

Владата жали за одлуката на Иванов, од СДСМ тврдат дека законот е во склад со Уставот

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Откако претседателот Ѓорѓе Иванов најави дека нема да го потпише Законот за јазиците, Владата преку соопштение изрази жалење за неговата одлука.

„Законот ќе биде испратен на мислење во Венецијанската комисија и сите нивни забелешки ќе бидат вградени во текстот на овој закон. Ова е гаранција дека законот не предвидува ништо спротивно од европските стандарди за употреба на јазиците на етничките заедници“ – стои во владиното соопштение.

Според Владата, сите одредби во законското решение за употребата на јазиците се во согласност со Амандманот 5 од Уставот на Република Македонија.

Велат дека мотивот за донесување на овој закон е грижата за сите граѓани во Република Македонија, во која градиме општество еднакво за сите. Тоа е концепт во кој оваа Влада силно верува и кој ќе продолжиме и понатаму да го унапредуваме, додаваат од Владата.

Од СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Иванов. 

„Со непотпишувањето на Указот за Законот за употреба на јазиците, Ѓорге Иванов повторно покажува дека не поседува капацитет да излезе од политиките на поделби и раздор во коишто е заробен со години и коишто ги промовира во секој негов јавен настап. Очигледно е, Иванов не знае да ги препознае европските вредности. На овој начин Иванов дејствува против концептот на едно општество за сите, концепт на којшто граѓаните му дадоа силна поддршка на последните неколку изборни циклуси. Со таквото дејствување, Иванов работи на штета на државните и на интересите на граѓаните. Во периодот кога државата прави крупни чекори кон обединувањето на граѓаните околу стратешките цели, враќање на демократските вредности и интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, Иванов продолжува со промоција на политиките на изолација, работи на раздор и поделби помеѓу граѓаните“- наведуваат од СДСМ. 

Од партијата велат дека Законот за употреба на јазиците не е спротивен на Уставот. 

Иванов кажа дека нема да го потпише указот за Законот за употреба на јазиците, затоа што тој го фаворизира албанскиот јазик. 

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела