19 Мај, 2024
0.0264

Владата ќе наплати 20 милиони евра еднократно за 5Г фреквенциите

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Агенцијата за електронски комуникации донесе конечна одлука за еднократен надоместок за 5Г фреквенциите од 20 милиони евра кои ќе бидат побарани од мобилните оператори, а Владата се согласи да ја прифати. Одлучено е наплатата да биде еднократна во националниот буџет.

Според донесената одлука за 5Г фреквенциите од 700 мегахерци и З.х гигахерци се нудат по три опсези, односно вкупно шест на целата територија. За двата најскапи ќе се бара по 5,5 милиони евра. Исто така донесена е и одлука за останатите три фреквенциски опсези вон 5Г мрежата и тоа 3 милиони евра за 1965-1980/2155-2170 MHz и 2 милиони евра за радиофреквенцискиот опсег 1930-1935/2120-2125 MHz и 1945-1950/2135-2140 MHz.

Претходно Владата во септември ја стопираше одлуката за еднократен надоместок што требаше да го добие државата од операторот кој сака да ги купи двете фреквенции за 5Г мрежа. Според преговорите што се водеа со четирите заинтереси страни, од кои два се постојаните мрежни оператори, Агенцијата за електронски комуникации за 700 мегахерци и З.х гигахерци бараше вкупно девет милиони евра еднократно плаќање.

Владата иако во јули првично го одобри предлогот на АЕК, во септември истиот го стопираше со одлука со објаснување дека плаќањето треба да биде еднократно, а не на рати. Освен во државната каса, дел од наплатената сума ќе влезе и во буџетот на АЕК. 

Тогаш му беше препорачано на директорот на АЕК да донесе и до Владата да достави нова одлука за утврдување на најниската висина на еднократниот надоместок и начинот на плаќање за добивање на одобрение на радиофреквенциите од опсезите, без можност за плаќање на надоместокот на рати, како и нова предлог-одлука за давање согласност на истата од страна на Владата.

Интерес за тендерот за фреквенции за 5Г мрежа изразуваат четири компании. Тие бараат да платат помалку пари за користење на фреквенциите и подолг рок на користење за да им се исплати инвестицијата, според претходните коментари во отворената расправа за сумата. 

Со терминот 5Г се означува петтата генерација на мобилни телекомуникациски врски, која треба да овозможи побрз интернет и можност за поголемо поврзување на уреди. Технологијата која има од 10 до 1000 пати поголема брзина од досегашната 4Г мрежа ќе може да се користи и за професионални и за аматерски цели.

Од заинтересираните компании, три ѝ се познати на јавноста - тоа се Македонски телеком, А1 Македонија и Неотел. Четвртата компанија е Битстрим Мобиле која сака да влезе на пазарот како нов мрежен оператор. Станува збор за фирма основана на крајот на јануари годинава. Според податоците од Централен регистар, компанијата е во сопственост на Телесмарт, фирма која има повеќе од десетгодишно искуство во полето на безжичните комуникации.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра