26 Април, 2024
0.3749

Владата доби негативна оценка од германските инвеститори

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Дури 59 отсто од големите германски инвеститори ја оцениле како лоша работата на актуелната Влада во анкетата што германската стопанска комора ја објави денеска.  Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија од 2006 година редовно ја спроведува анкетата со која се оценува Северна Македонија како дестинација за инвестирање. 

Само 2 отсто од компаниите како ДХЛ, Кнауф, ОДВ Електрик, Кеслер, Дракслаер. Кромберг и Шуберт и другите ја оцениле како добра работата на Владата, а како најголерм ризик (61 проценти) се наведува недостигот на стручна работна сила во земјата. Дури 31 отсто одговориле дека не би инвестирале повторно, што е најголем процент од 2012 до сега. Најлоша оценка има борбата против корупцијата и криминалот. 

„Оваа година анкетата се спроведе во периодот од 1 март до 14 април. Резултатите не беа премногу изненадувачки, македонското стопанство е загрижено поради последиците кои ги предизвика пандемијата. Членовите на Македонско-Германското стопанско здружение посочија на проблеми кои се однесуваат на владеењето на правото, како и на политички проблеми.“, објави комората.

Само 8 отсто од испитаниците ја сметаат сопствената деловна состојба како добра (2019: 29%), а 53 проценти  од испитаниците како задоволителна (2019: 61%). 
Очекувањата кои ги имаат стопанствениците во однос на извозот се исто така полоши во споредба со 2019 година. Само 34 проценти  од нив претпоставуваат дека извозот на нивните добра и услуги ќе се развие подобро во споредба со претходните години (2019: 51%). 

„Како Директор на Делегацијата на германското стопанство, во соработка со германската амбасада во Скопје ќе продолжиме да водиме дијалог со македонската Влада за подобрување на овие рамковни услови во земјата. Скоро 70% од инвеститорите кои веќе инвестирале, повторно би го сториле истото во Северна Македонија. Ова е солидна основа од која може понатаму да се развиваат Германско-Македонските стопански односи“, велат од таму.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија