20 Мај, 2024
0.0270

ВЛАДА: Успехот на ракометните репрезентативци е амбасадорска промоција на Македонија, не само во Европа, туку и во светот

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

На успехот кој Македонската Ракометна Репрезентација го постигна во првата фаза од Европското првенство се радува и Владата. Оттаму порачуваат дека успехот на ракометните репрезентативци е амбасадорска промоција на Македонија, не само во Европа, туку и во светот.

Еве го целосното соопштение на Владата на РМ:

„Успехот на нашите ракометари, кои го носат дресот на Македонија е во име на граѓаните на Македонија. Оваа екипа ја заслужува секоја благодарност за сиот вложен напор за радоста што ни ја овозможија на сите нас, на сите граѓани на Република Македонија.

Успехот на ракометните репрезентативци е амбасадорска промоција на Македонија, не само во Европа, туку и во светот.

Посебно ја истакнувамe и ја поздравувамe улогата на селекторот на Ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, кој уште еднаш го потврди својот лидерски капацитет и визија за  потенцијалите на нашите ракометари, кој исто така беспоштедно се вложува за успесите на нашата репрезентација, а со тоа и во промоцијата на македонската спортска гордост.

Постигнатиот резултат и успех дополнително е мотив за Владата да продолжи посветено да го поддржува спортот и да вложува во своите спортски таленти.

Спортскиот дух и сплотеност, кој најсилно се чувствува деновиве после секоја победа на нашите ракометни амбасадори, е пример и за функционирањето на едно општество. Само сплотени во идејата за напредок и успех, обединети во различностите, а сепак еден тим, за многу победи за една поубава иднина, спортска и граѓанска“. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража