26 Април, 2024
0.0300

(ВИДЕО+ФОТО) ДРАМА И ОЧАЈ ВО ТУРЦИЈА - најмалку 18 луѓе загинаа во разорниот земјотрес

Објавено во: Свет 25 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Драматична ноќ во Турција, по разорниот земјотрес со јачина од 6,8 степени, кој го погоди истокот на Турција, околу 220 км од Газиантеп.

Светските медиуми јавуваат за најмалку 18 жртви, според информациите од Управата за вонредни ситуации и природни непогоди, а бројот на повредените се искачил на над 400. Неизвесно е колку на крајот ќе изнесува црниот биланс.

Најсилно погодени провинции биле Елазиг и Малатија. Покрај жртвите и повредените, има и огромна материјална штета.

Според АФАД, во градот Елазиг кој е на 22 км од епицентарот, регистрирани се 35 последователни потреси со јачина од 2,7 до 5,4 до 22,29 часот, после првите два удари од кој вториот беше со сила од 4,6 степени.

Во Елазиг, градот кој беше најпогоден, како што јавуваа медиумите, ноќта беше многу ладна, со температури од минус седум степени и очекувани до минус 10, што во голема мерка ја отежнуваше потрагата по преживеани под урнатините.

Страотни видеа сведочат за разорниот земјотрес.

Од спасувачките служби апелираа до граѓаните да одат во своите домови, а оние чии станови и куќи се срушени, да бидат примени во затворени простории, или да се пријават за наоѓање на соодветно решение.

Инаку, овој земјотрес беше почувствуван и во соседството.

Се појави и видео од дебата на една телевизија, токму кога се случува земјотресот. 

Според првичните информации, осум од загинатите се во Елазиг, а шест во Малатји.
Земјотресот е регистриран во 17.55 часот на длабочина од само 2 километри, а се почувствувал во Ирак, Сирија, Либан и Израел.

Министрите за надворешни работи Сулејман Сојлу, за животна средина и урбанизам Мурат Курум и за здравство Фахретин Коча, се упатиле кон градот Сивриче, кај Елазиг.

Од почетокот на годинава, во Турција имаше повеќе земјотреси. Во средата земјотрес со силина од 5,4 степени имаше во Маниса, а ден потоа и во Анкара со јачина од 4,5 степени. 

А во 2010 во Елазиг имало земјотрес со магнитуда од 6 степени, кога загинале 51 лице.

Видео и фото: светски медиуми и социјални мрежи

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари