(ВИДЕО) Тепачка во Парламент при избор на спикер
Објавено во: Свет 19 Мај, 2019
Во Парламентот на Авганистан денеска имаше тепачка меѓу пратениците при изборот на нов парламентарен претседател.
При гласањето, кандидатот на претседател на Парламентот, бизнисменот Мир Рахман Рахмани доби еден глас помалку од неопходните 124 за да биде избран, но неговите приврзаници инсистираа дека тој сепак е избран на функцијата, на што се спротивставија неговите противници.
По ова дојде до расправија меѓу двата табора, која прерасна во тепачка, откако противниците на Рахмани го блокираа местото на претседателот на Парламентот и бараа ново гласање.
Рахмани е татко на бизнисменот Аџмал Рахмани, кој е познат по прекарот „Оклопниот Аџмал“ бидејќи се занимава со продажба на блиндирани возила.