(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ДВА ДЕНА СЕ БЕЗ СОН НА ХАВАИ: Дрвјата експлодираат од огнената стихија
Објавено во: Свет 10 Август, 2023
Дрвја експлодираа од силината на огнот кој беснее со денови на Хаваи.
Даниел Саливан е фотограф кој живее во Лахаина. Зборувајќи за Би-Би-Си, тој изјави дека имале „три различни пожари околу куќата“.
„Поминав 48 часа без сон. Синоќа бев на покривот и ги гледав пламените јазици. Денеска немаме вода – водата се искористи за гаснење на пожарите. Ветровито е и пожарите се вратија. Синоќа пламенот беше толку голем и огромни дрвја експлодираа толку блиску што беше страшно. Ја спакувавме колата, но проблем беа паднатите дрвја околу куќата, а патиштата кои беа отворени гореа и не можеше да се помине. Историскиот град Лахаина изгоре до темел. Сите беа дрвени конструкции стари 200 години, изградени рамо до рамо“, изјави Саливан.
Без струја се 11.000 луѓе, а досега има најмалку 36 жртви во пожарите. Шумските пожари продолжуваат да горат низ Мауи, вториот по големина остров на Хаваи.