19 Мај, 2024
0.0268

(ВИДЕО) Истанбул: Убиени двете жени кои ја нападнаа полициска станица

Објавено во: Балкан 03 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Две жени се убиени откако отворија оган врз полициска станица во истанбулскиот кварт „Бајрампаша“, соопшти турскиот весник "Хуриет".

Повредени се двајца полицајци - едниот во нападот, а вториот при последователната акција за фаќање на напаѓачите.

Двете жени пристигнале на местото на инцидентот со такси. Почнале да пукаат во полициската станица, по што успеале да се сокријат во блиските улици. Полицијата подоцна започна акција во областа околу местото на инцидентот, затворајќи ги сите улици, кои можат да обезбедат излез на напаѓачите.

Во текот на операцијата во која беше вклучен и хеликоптер, двете жени биле блокирани во зграда. Истанбулскиот градоначалник Васип Сахин објави дека двете жени се убиени за време на акцијата против нив.

Информатички извори соопштија и дека е подметната бомба во влезот на управувањето.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/0IYSdhIiUKI[/embed]

Терористите биле тројца - додека двајцата ја местеле бомбата бил отворен оган со пушки.

Полицијата ја опколила областа, пренесени се дополнителни сили.

Во средата полицијата во Истанбул сигнализира дека терористи од "Исламска држава", кои влегле нелегално во Турција, подготвуваат напад во Истанбул. Но е поверојатно денешниот чин да е дело на терористите од Курдистанската работничка партија (ПКК), која е забранета поради сомнение за тероризам, бидејќи токму ПКК користи жени при извршување на терористички напади.

"Бајрампаша" е еден од најгусто населените квартови во европскиот дел на Истанбул. Во овој регион се наоѓа централната автобуска станица.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс