(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО НИКШИЌ: Граѓани се судрија со полицијата
Објавено во: Балкан 13 Мај, 2020
Во градот Никшиќ вечерва се случи судир меѓу полицијата и граѓаните. Според дописникот на „Новости“, ситуацијата во градот е хаотична, полицијата фрлала солзавец, а народот реагира со камења.
По сослушувањето во Основното јавно обвинителство во Никшиќ, беа приведени осум свештеници и епископот Будва-Никшиќ, Јоаникије, кои за време на рочиштето ја негираа вината.