ТАГА
(ВИДЕО-ФОТО) НЕСРЕЌА ВО КОЛУМБИЈА: Ужасни глетки на местото каде падна авионот!
Објавено во: Свет 29 Ноември, 2016
Авион со 81 лице се урна во централна Колумбија, соопшти денес здружението за цивилни авијации на таа земја, а меѓу патниците на авионот биле и фудбалери од бразилскиот клуб Шапикоенсе.
Бројот на спасени од урантините на авионот на авио-компанијата „Ламиа“, кој се урна во Колумбија, се зголеми на шест бидејќи е пронајден уште еден преживеан.
Претходно властите соопштија дека 76 лица загинале, а петтмина го преживеале падот на авионот со 81 лица, во кој беше и целиот бразилски тим.
Авионот летал од Боливија, а се урнал крај Меделина, родниот град на кралот на кокаинот Пабло Ескобар.
Федерико Гутерес, градоначалникот на Меделина соопштил дека се работи за „трагедија од огромни размери“.
Причината за несреќата на авионот LMI-2933 уште се утврдува, а кружат две теории: според првата, авионот останал без гориво, а според другата, дошло до дефект во електрониката.
Hundred's of fans surround Chapecoense's stadium to pray for everyone who lost their lives in the plane crash.