20 Мај, 2024
0.0281

Весникот Независен утре нема да се печати

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

По речиси две години постоење на медиумската сцена во земјава, весникот Независен утре нема да се печати. Што ќе се случува понатаму, односно каква ќе биде судбината на весникот во идниот период, на новинарите не им било кажано. 

Единствено се знае дека весникот утре нема да излегува, поради извесен долг кон печатницата што го печати. 

Весникот Независен е во сопственост на странски, конкретно грчки инвеститор во земјава. Во него работат голем број врвни новинарски имиња, но и млади новинари, кои често обработуваа значајни политички и економски теми од општествениот живот. 

Владините парични субвенции што ги добија другите печатени медиуми од земјава, на Независен не му беа доделени, со образложение дека не го исполнува критериумот кој бара одреден временски период на постоење од основањето. 

Фактор разговараше со еден од новинарите во Независен.

„После затворањето на три дневни весници во земјава, Утрински весник, Дневник и Вест, од политички причини, и со заминувањето на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ова беше прв обид да се воспостави нов дневен весник во земјава, кој беше странска инвестиција, и формиран брз професионални основи, со искусни, но и со млади новинари. Се обидовме да ги вратиме принципите на новинарството и професионализмот и да придонесеме за развој на професионално, објективно и квалитетно новинарство, на овој новинарски пазар кој очигледно беше руинирам во последните 10 години. Очигледно е дека не може да пробие нов медиум врз основа на квалитет, професионалност, и во кој полесно пробива пропагандата, дезинформациите и лажните вести, отколку ангажирано, аналитичко и квалитетно новинарство. Во последните две години навистина има демократизација на јавниот медиумски простор, но тоа не придонесе ништо за подигнување на стандардите и критериумите во новинарството, како и за подигнување на стандардот и подобри услови за работа во медиумите. Односно, од квалитет, се отиде во квантитет“, вели еден од новинарите.

Инаку, новинарите во Независен се досега редовно ги земаа своите плати.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража