20 Мај, 2024
0.0613

Вечерва во 21:30 ч.-втората епизода од серијалот Алхемија на Балканот Македонија на Ал Џезеира Балкан

Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Вечерва во 21:30 ч на програмата на Ал Џезеира Балкан премиерно ќе се емитува втората епизода од серијалот Алхемија на Балканот – Македонија.

Втората емисија почнува со снимки од Скопје чијшто центар е преполн со споменици, од антиката и Александар Македонски, преку средниот век, па сè до современите мотиви.  Македонската јавност посвети големо внимание на оваа тема и расправаше дали овие споменици се потребни како сведоштво на милениумската историја или пат тие се прескапа демонстрација на моќ, без уметничка вредност, на ниво на кич.

Вечерва ќе го следите разговорот и со деканот на Економскиот факултет во Тетово, Абдуменаф Беџети кој смета дека Албанците се економски  нерамноправни во оваа земја бидејќи тие имаат повеќе роднини во светот чии пари се трошат во Македонија.  Но, тој согледува дека по Охридскиот договор од 2001 г. трендовите се променети.

Во ромската општина Шутка, која нејзините жители (не)точно ја сметаат за единствена во сметот, има импозантни куќи, вистински палати. Нивните сопственици се уверени дека и другите Роми можат да бидат богати, но само ако работат вредно.

Во вечерашната епизода ќе биде посетена и Струмица и прочуената фабрика за мастика „Грозд“ која произведувала 3-4 милиони шишиња пред распаѓањето на Југославија, а денес само 200 - 250.000  односно петнаесет пати помалку.

Сопственик е Васе Митев кој проблемот го гледа во исчезнувањето на југословенскиот и советскиот пазар.  Тој го преуредил начинот на работење, го подигнал квалитетот, а кругот на фабриката изгледа како швајцарска градина.

На крај следува разговор со Наум Петрески како пее и пропагира традиционален начин на живот – „бесмислено е цел живот да се работи и да се штеди.  Животот е тука и за да потрошиш.  Тогаш секогаш нешто ќе ти се врати назад.“ – вели Наум.

Не пропуштајте ја втората  епизода, вечерва во 21.30 ч. на Ал Џезеира Балканс.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО