20 Мај, 2024
0.0264

ВЕБСТРИАН – Нова платформа што ќе го креира вашиот веб -сајт за 1 минута

Објавено во: Мои пари 03 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

За прв пат во Македонија развиена е нова, иновативна платформа за креирање на веб-сајт за помалку од 1 минута.  Корисниците добиваат целосно комплетен веб-сајт на Интернет,  со вклучен хостинг, техничка поддршка и постојано ажурирање на софтверот кое им обезбедува секогаш функционален веб-сајт.

Вебстриан е нова онлајн-платформа што ќе го креира вашиот веб-сајт за помалку од 1 минута, а сѐ што треба вие да направите е да додадете своја содржина. „Сега секој може да има модерен и професионален веб-сајт без чекање, без програмирање и без технички предзнаења“ –  беше изјавата што ја добивме од Икс Софт, компанијата што стои зад новиот иновативен производ.

Вебстриан ја носи новата генерација на веб-сајтови кај нас. Платформата е навистина лесна за користење и тука е за да го поедностави и забрза целиот процес на поставување и одржување на веб-сајт на Интернет.Веднаш по регистрацијата, корисниците добиваат целосно функционален веб-сајт, кој е веднаш онлајн на Интернет, со готови пример-страници кои треба само да се уредат. Текстовите се менуваат како кога пишувате во ворд-документ, сликите се додаваат лесно како на социјалните мрежи, а само со еден клик може да додадете нови елементи како видео, икони, тагови, контакт-форми итн. Исто толку лесно е да ја промените бојата на одбраниот веб-сајт или неговиот дизајн, без да изгубите ништо од својата содржина. Со едноставно повлекување и пуштање може да ја смените структурата на страниците, а секој веб-сајт може да го објавите на повеќе јазици. И најважно – вашиот веб-сајт направен од Вебстриан ќе биде оптимизиран за мобилни, таблет-компјутери и лаптопи благодарение на прилагодливиот (responsive) дизајн.

Погледнете го видеото подолу и видете како функционира Вебстриан:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/0qrrSWxTAk0[/embed]

„Веруваме дека Вебстриан ќе биде прв избор на малите бизниси; на оние кои имаат идеја за свој веб-портал, но досега немале средства да ја реализираат; на сите оние на кои  им треба веб-сајт со можност за онлајн-резервации;на блогерите, на креативците и на сите ентузијасти кои своето хоби сакаат да го претворат во бизнис. Сите оние кои имаат што да кажат и да покажат, сега имаат моќна алатка што ќе им овозможида го направат тоа.“– ни рекоа од Икс Софт.

На платформата може да се регистрирате бесплатно и да ги видите сите можности што ви ги нуди, а дури потоа да го одберете пакетот што најмногу им одговара на вашите потреби. Цените се блиски со оние кои вообичаено би требало да ги платите само за хостинг, додека Вебстриан ви нуди комплетен веб-сајт со вклучен хостинг, техничка поддршка и постојано ажурирање на софтверотза данемате никогаш застарен или нефункционален веб-сајт.

Дознајте повеќе на www.webstrian.mk

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО