УТРИНСКИ ФОКУС: Одлука за мандатот на Груевски - која фирма заработува најмногу од бизнисот со ајвар?
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2019
Во фокусот на Фактор ова утро ...
Кој прави милиони евра промет од ајвар и туршија?
*Четири големи македонски капацитети за преработка и конзервирање зеленчуци и овошје лани направиле приходи од 25 милиони евра. Резултат за почит, кој покажува дека има бизнис во производството и конзервирањето на зеленчуци и овошје. Сите четири компании се со седишта во југоисточна Македонија и по две во Струмица и околијата и другите две во Гевгелија.- Анализата читајте ја тука.
*Пратениците на потег-ќе се одлучува за мандатот на Груевски
Павле Богоевски денеска во 11 часот ќе ја води седницата како претседател на собраниската комисија за мандатно-имунитетски прашања во обид да му се одземе пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски, кој како азилант во Унгарија е неоправдано отсутен во законодавниот дом шест месеци и е исполнет условот за тоа.
*Колкав профит направи лани најголемата странска компанија во Кочани
Седумдесет милиони евра е приходот кој го остварила најголемата странска компанија во Кочани минатата година
„Амфенол“ лани прокнижила 70 милиони евра приходи кои се за 16 отсто повисоки од претходната година.
*Кина повеќе не е број еден по фалсификувани производи во Македонија: Која земја и го одзеде приматот?
Кина повеќе не е земјата од каде што потекнуваат најмногу запленети фалсификати во Македонија, откако приматот од минатата година и го превзеде Турција. Царинската управа во деталниот извештај за 2018 објави дека лани, според потеклото на привремено задржаната стока по оваа основа, доминира Турција со околу 40 отсто по што следи Кина со 38 проценти. Двата „титани-извозници“ на фалсификувани производи долго време доминираат во ова подрачје во однос на останатите земји на потекло, со тоа што Кина во 2017-та а и години претходно предничеше во однос на Турција.